ВИСОКИ СУМИ: Колку пари ќе се потрошат за одржување на арената?
Објавено во: Економија 14 Септември, 2018
Tрансформатор на јужната трибина кој треба да чини 700.000 денари, боја за одбележување на тревниот терен за 140.000 денари, но и бусен за 1,2 милиони денари.
Ова е потребно за најголемиот национален фудбалски стадион кој годинава треба да склучи договори во вредност од 26,4 милиони денари или над 400.000 евра.
За одржување, за чување и адаптација на стадионот ќе бидат потрошени тие пари а треба да се обележува теренот, да се набават уреди за заштита одптици, рефлектори, да се одржат системите за прскање на тревата.