28 Септември, 2024
0.0332

ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ, САХАРСКА ПРАШИНА И СИЛЕН ВЕТЕР: Попоски ги објави метео деталите за викендов

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Под влијание на изразено јужно воздушно струење, во следниот период, особено во петок и во сабота се очекува големо затоплување на времето и голем пораст на температурите на воздухот. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Денес и утре, и тоа поради значително понискиот воздушен притисок во западна Европа, како и многу повисокиот воздушен притисок во источна европа, кај нас ќе биде многу ветровито, односно ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).

Нови врнежи од дожд, и тоа во западните предели од Македонија ќе има во сабота навечер, како и во текот на ноќта кон недела и во недела. Ќе има услови и за локална нестабилност, проследена со грмежи.

Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, наутро пак тие исто така ќе бидат значително повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 16 степени.

Поради силното јужно воздушно струење, во петок и во сабота од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па така и атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно и токму ова особено лошо ќе влијае врз метеопатите, лошо влијаат и брзите промени од топло на ладно и обратно.


Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?