20 Април, 2024
0.0288

Вистински избор во ерата на четвртата индустриска револуција

Објавено во: Мои пари 22 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Тековната технолошка револуција наречена „Индустриска револуција 4.0“ носи значителни промени во начинот на живот и работа кои се одвиваат со невидено темпо. Анализирано низ историјата, секоја индустриска револуција е обележана со специфична технологија која фундаментално го менува општеството. Првата индустриска револуција, на крајот на 19-ти век, ја донесе парната машина и го означи почетокот на дотогаш незамисливиот, забрзан развој на индустријата. 


Во средината на 20-тиот век, со примена на електричната енергија, светот влезе во втората индустриска револуција, која траеше до 80-тите години кога аналогната технологија беше заменета со дигиталната и кога компјутерите и интернетот станаа главни двигатели на социјалниот и индустрискиот развој. Водечки принцип на сегашната револуција пак, е „иновации, иновации, иновации“. И ако претходните индустриски револуции претежно го сменија начинот на работа, се чини дека новата револуција ќе влијае пред сé на начинот на размислување и намалување или целосно затворање на јазот помеѓу луѓето и технологијата. Клаус Шваб, директор на Светскиот економски форум кој прв го употреби поимот ,,Четврта индустриска револуција”, е убеден дека можеме да градиме подобра иднина преку технолошки иновации.

Новата револуција се одвива и на едно друго поле – полето на тутунската индустрија којасе сметаше за традиционална и која не забележала некоја позначајна промена во изминатите 150 години. Но во рамки на оваа нова револуција, тутунските компании започнаа да развиваат, нови, помалку штетни производи. Таков производ е на пример  IQOS - иновативниот уред со несогорлив тутун кој претставува спој на науката и на технологијата. Појавата на IQOS во 2014 години и неговото лансирање, првично во технолошки најразвиениот пазар во светот, Јапонија, предизвика неочекувана промена во тутунската индустрија. 


После 5 години од неговото лансирање,според независната студија на експерти како Микал Стоклоса, Закари Кан и други кои работат во угледното Американското здружение за борба против ракот, а која е објавена во угледното британско медицинско списание за контрола на тутунот, Јапонија бележи значително намалување на преваленцата на пушење што е од исклучителна важност за унапредување на јавното здравство. IQOS е револуционерен производ зад кој стојат 12 години научни истражувања. Аеросолот создаден со употреба на IQOS содржи во просек 95 проценти помалку штетни состојки во споредба со чадот од класичните цигари.  

И како што секоја револуција бара отворен ум, така и онаа која се одвива во тутунската индустрија бара колективно дејствување, а во најдобар интерес на 1,1 милијардалуѓе во светот кои не сакаат да се откажат од пушењето.Тоа значи дека неопходно е  владите, регулаторите и телата за јавно здравје,за помалку штените производида носат одлуки базирани на научни докази.

Таков сериозен чекор во насока на диференцирање на уредите кои користат несогорлив тутун во однос на цигарите веќе направи Американската агенција за храна и лекови (ФДА) со светско реноме, која во согласност со федералниот закон за контрола на тутун  од 2009 година е овластена да го регулира пазарот на тутунски производи, што подразбира и контрола над иновативни производи од оваа област. Таа во април 2019 година даде дозвола за продажба на IQOS во САД со што тој стана единствен електронски уред кој од ФДА доби дозвола за продажба. Оваа одлука на Агенцијата уследи по сеопфатна анализа на барањето кое компанијата Филип Морис го достави  заедно со комплетната научна документација и го предаде во Агенцијата во 2017 година. Дополнително, во јули оваа година, ФДА констатира дека аеросолот од IQOS содржи помалку токсични состојкиспоредено со чадот од цигарите. Притоа, Агенцијата нагласува дека информирањето напотрошувачите за намалената изложеност на штетни материи при користење на IQOS е во согласност со целите за промоцијата на јавното здравје.

Одлука на ФДА претставува историска пресвртница во областа на јавното здравје и  значително го надоградува растечкиот научен консензус дека IQOS е подобар избор отколку да се продолжи со пушење. Бидејќи уредот кој користи несогорлив тутун е фундаментално различен од традиционалните цигари, огромен број експерти се согласни дека поради тоа за ваквите производи мора да постои фундаментално различна регулаторна рамка. Едноставна причина за ова е дека иновациите како оваа, можат драматично да го забрзаат намалувањето на бројот на пушачи, што е исклучителна прилика што не смее да се пропушти.

Заклучно со 30-ти јуни оваа година, 11,2 милиони пушачи ширум светот целосно се откажаа од цигарите и се префрлија на IQOS. 

Комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга