ВИСТИНСКО ЧУДО ЈА СПАСИЛО: Жена преживеа пад од падобран од 1500 метри во Канада
Објавено во: Свет 17 Август, 2019
Вистинско чудо било што една жена од Канада останала жива после падот од височина од околу 1500 метри бидејќи не и се отвориле ниту главниот ниту резервниот падобран.
Сведоците велат дека виделе како жената паѓа и дека е неверојатно што останала жива, пишува британски Индепендент.
Паднала на густа крошна на дрво што го ублажило нејзиниот пад, а поминала со неколку скршеници на коски , вклучувајќи и еден пршлен.
Жената, веднаш е примена на болница а чекарите велат дека не е во животна опасност.
Полицијата во Квебек, Канада, истражува зошто не се отвориле ниту главниот ниту безбедносниот падобран.
Идентитетот на жената не е откриен, но е познато дека жената била 30 години и била искусна во овој спорт.