24 Април, 2024
0.0277

Виталиа најголем донатор на храна во Македонија! „Сите граѓани заслужуваат здраво да се хранат. “

Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Да се помогне на социјално загрозените категории на граѓани, е  хуман чин, но истовремено и обврска за секој општествено одговорен деловен субјект.  Македонската компанија за здрава храна Виталиа, веќе 25 години, од самото свое основање го прифати  тој предизвик, и не е случајно  што денес е и најголемиот донатор на проектот „Сите Сити”, преку чија мрежа има донирано над 15тони квалитетна здрава храна со што овозможи да ја вкусат и да ги уживаат нејзините бенефити и оние кои немаат можност за тоа, најранливата категорија граѓани на нашето општество.Некои од организациите кои имале можност да добијат здрава храна се: Црвен Крст, Легис, Љубезност, Св.Спас, Доверба, АДРА, Одигитрија Виница, Утешител Битола, Здружение на пензионери Бутел, ХОПС Скопје, Ластовица...

Покрај редовните предавања на учениците во основните и средните училишта низ Македонија, нутриционистичкиот тим  на Виталиа континуирано  одржува едукативни работилници во организации кои ги згрижуваат социјално најранливите категории, како што е СОС Детско Село и Црвен Крст. Целта на предавањата е принципите за здрава исхрана и здрави прехранбени навики да станат дел од животот на овие лица, кои најчесто имаат и ограничен пристап до информации.


За општествено-одговорната мисија на Виталиа, свое излагање имаше Искра Ветаџокоска Муцунска, менаџер и ко-сопственик на Виталиа пред присутните на Донаторската конференција на  50-те најголеми компании за храна во земјава” организирана од Ајде Македонијаи мрежата “Сите Сити“, кои се грижат да се обезбеди храна за секој поединец и да се намали нерационалното искористување на ресурсите. Во таа прилика таа дополнително изјави:

“ Се надеваме дека со овој наш чекор ќе иницираме позитивна промена и ќе ги поттикнеме и останатите компании да се вклучат во овој извонреден проект потврдувајќи дека Македонија е држава на хумани граѓани кои ги препознаваат вистинските вредности. Но не застануваме тука! Иницијативата за донација ќе ја пренесеме и на нашите соработници во  55те земји ширум светот каде се извезува брендот Виталиа, отварајќи можност за ширење на проектот Сите Сити во светски рамки“.

На конференцијата, Виталиа како главен донатор доби посебни честитки од Премиерот на република Северна Македонија г. Зоран Заев, министерката за Труд и Социјална политика - Мила Царовска, како и  од директорот на Фондот за Иновации г. Јован Деспотовски.

Благодарност беше изразена и од Блаже Јосифовски, претседателот на Здружението „Ајде Македонија“, со кое Виталиа соработува од почетокот на постоењето на системот за донирање храна - Сите Сити и проектот „Оброк за Сите“.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка