20 Април, 2024
0.0271

„Витаминка“ опстојува на врвот: Речиси половина од производството за извоз

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Развојниот пат на „Витаминка‟ АД - Прилеп, е импресивен исто колку и денешната улога што ја има на пазарот. Земајќи ги двата параметри предвид, целото постоење на „Витаминка‟ е обележано со растење и проширување од секој можен аспект. Како што производството на еден производ низ неколку етапи во повеќе од шестдецениското постоење се прошири на повеќе од 350 различни видови пакувања, така во „Витаминка‟ растеше потребата од воспоставување нови партнерства и бизнис-релации. Сашо Наумоски тоа го правеше на најдобар можен начин. Човекот кој започна со свој бизнис многу рано и за чудо на многу ниско ниво успеа да ја совлада пазарната законитост за ширење на пазарите, пишува Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија во новата колумна. 

Денес, повеќе од шест децении од основањето, „Витаминка‟ има повеќе од 20 групи производи од сопствено производство во сегментот чоколада, супи, прашкасти зачини, кекси, пелети со широка лепеза на вкусови (слатки и солени, кисели и лути), програми за производи за предјадења, додатоци за јадењата, десерти, производи за ужина. Или, тоа се 360 типови пакувања во продажба, меѓу кои „Стоби флипс‟, „Витанез‟, „Цевитана‟, „Атлантис‟, „Бонитас‟, „Деспина‟, „Витеа‟... и како најнова фаза во работењето, во своето големо семејство го вклучува и производството на маслото за јадење „Брилијант‟.

„Витаминка‟ поседува производна програма за сите возрасти на населението од 7 до 77 години. За сиот тој успех изразен во бројки, придонесуваат околу 700 вработени во производството.

Со постојаното развивање, иновативноста во новите производи „Витаминка‟ несомнено е лидер на пазарот создавајќи ги новите трендови и тенденции. А паралелно со зацврстувањето на позицијата на домашниот пазар, „Витаминка‟ интензивно растеше и присуствува на странските пазари каде што моментално пласира околу 47% од своето годишно производство во околу 30 земји во светот.

„Витаминка‟ на својот пат кон денешната позиција постојано имала и има потреба од воспоставување партнерства и деловни релации. Кон создавањето одржливи пазарни услови уште повеќе придонесе улогата на Стопанска комора и влијанието во вмрежувањето на компаниите. На овој начин Стопанска комора се дефинира себеси како неопходен фактор во создавањето на едно високо функционално пазарно опкружување и релации коишто создаваат перспектива, вели Претседателот на Одбор на директори, Симон Наумоски.


Оваа компанија покажа дека е можно македонски производи да бидат конкурентни, да бидат високо квалитетни и да се борат рамо до рамо со светски брендови. На тоа се додаваат постојаните инвестиции во високо технолошко производство и континуираната едукација на вработените. Компанијата поставува нови стандарди со иновации и пласирање на нови производи. Секогаш оди чекор понапред во комуникацијата со потрошувачите и се обидува да ги антиципира нивните желби. Денес е пример за тоа како треба да изгледа една компанија во земјава, пример е и за тоа како треба да се оди напред, да се развива. И ова растење, проширување и зголемување на производното портфолио е поврзано со потребата од изнаоѓање, воспоставување и зацврстување на соработка на различни нивоа и во различни сектори коишто кореспондираат на оперативноста на „Витаминка‟.


Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?