28 Март, 2024
0.0276

Радован Витошевиќ, извршен директор на myWorld Македонија

Витошевиќ: При пазарувањето, на потрошувачите им е пресудна цената

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Купувачите се сè повеќе едуцирани, имаат инстант достапност до информации, и  прават детални истражувања на пазарот пред да донесат одлука што и од каде да купат. Во најголемиот број на случаи, цената е клучниот параметар за просечниот потрошувач. Секогаш се анализира цената во однос на квалитетот, но и корисничката грижа игра клучна улога, вели во разговор за Фактор, Радован Витошевиќ, извршен директор на myWorld за Македонија. Во интервјуто зборува и за Cashback и предизвиците во земјава.

Граѓаните во последно време ги сменија навиките за пазарување, а со дигитализацијата тие за себе користат и доста финансиски придобивки кои ги нудат компаниите, понудувачите. Како вие гледате на развојот на потрошувачките навики на граѓаните, како на глобално ниво, како овде во земјава?

Витошевиќ: Со напредокот на технологијата се менуваат и навиките, а и потребите на луѓето. Со тоа и самите компании се ставени пред предизвикот континуирано да ги надградуваат услугите, како и да воведуваат нови начини на продажба кои ќе бидат целосно во линија со 4-тата индустриска револуција, како што велат за дигитализацијата.

Дигитализацијата има големо влијание врз нашите животи, а верувам за 10 години од денес, тоа ќе биде на сосема друго ниво.  Притисокот кој го имаат сите учесници од страната на продажбата никогаш не бил покомплексен и поинтензивен, бидејќи продажните канали се прошируваат и хоризонтално и вертикално, и физички и вирално. Купувачите се сè повеќе едуцирани, имаат инстант достапност до информации, и е нормално да прават детални истражувања на пазарот пред да донесат одлука што и од каде да купат. Во најголемиот број на случаи, цената е клучниот параметар за просечниот потрошувач. Секогаш се анализира цената во однос на квалитетот, но и корисничката грижа игра клучна улога.

Пласманот на информации и физичката дистрибуција на производите и услугите достигнуваат  уште понапредно ниво. Ако пред само неколку години комуникацијата со брендот беше единствено двонасочна во самите продажни места, денес комуникацијата е двонасочна на речиси сите канали со кои компанијата располага. Затоа ефикасноста и брзината на прилагодување на компаниите кон овие трендови, со цел да опстојат на пазарот, е клучна за опстанок и било каков успех.


Какви промени се случуваат во таа смисла надвор, но и во Македонија, како се ориентираат граѓаните и како се однесуваат како потрошувачи?

Витошевиќ: Можеби во моментот Македонија малку побавно реагира на овие промени, но дефинитивно оваа изјава нема да важи за пет години од сега. Со развојот на технологијата, дигитализацијата ќе овозможи отворање на нови пазари, нови производи, нови работни места, нов тип на потреби. Потрошувачките навики ќе се сменат во целост, а самите компании кои се подготвени да се носат со овие трендови ќе мора да се дигитализираат. Верувам дека Македонија нема да изостанува во овој тренд.

За Cashback во земјава се знае, но, што всушност претставува Cashback world?

Витошевиќ:Cashback World е дел од Групацијата myWorld и претставува водечка меѓународна шопинг заедница која им нуди на своите членови атрактивни шопинг придобивки во форма на Cashback, но и вредни шопинг поени (SP) кои понатаму може да се користат за зделки кај трговците.

Едноставно кажано, ние сме лојална програма за физички и правни лица, односно платформа која ги поврзува купувачите и трговците во светот, и креира т.н. Win-Win ситуација, во која што купувачот добива предности за лојалност, а трговецот се здобива со лојални купувачи и маркетинг. Членството кај нас е секогаш бесплатно, и истовремено враќа пари доколку активно се користи.

Cashback World е пионер кога станува збор за уникатен шопинг. Преку комбинација на реален и дигитален шопинг, ви дава уникатно искуство, единствен вид на услуга при пазарувањето.

Како се пазарува во мрежата и кои трговски партнери ги има Cashback во Македонија?

Витошевиќ:Главниот фокус на Cashback World вклучува услуга, забава, индивидуалност и транспарентност. Cashback World секогаш има за цел да го претвори пазарувањето во едно репетитивно позитивно искуство.

Како најголема шопинг заедница, Cashback World нуди на своите членови можност да заштедат пари кога пазаруваат кај преку 300 илјади места ширум целиот свет. Во Македонија, Cashback World е распространета во повеќе од 1,800 различни продавници и објекти, во сите трговски сектори, почнувајќи од прехранбени производи, бензински пумпи, ресторани и барови, преку мебел и домаќинство, производи за нега и убавина, облека и чевли, па сѐ до автомобили, градежништво, одмор и релаксација и најразлични видови услуги.

Најсовремениот начин на пазарување кој го претставивме на крајот на 2018 година на пазарот е таканаречениот eVoucher, или пазарување со електронски ваучер. Тој се купува преку нашата мобилна апликација за нецели 8 секунди и, морам да признаам дека е трендовски производ кој е во голем подем и е доста посакуван од трговците на пазарот. Во моментот имаме околу 40 брендови со кои соработуваме на овој начин кај нас, меѓу кои се: Веро, Гранап, Спорт М, Аџибадем Систина, Џамбо, Био Космос, ЦМ Делта, Магнетик, Мин-Екс и други. Очекуваме и доста нови партнери во следниов период со кој во моментот сме во процес на имплементација.

Кој потрошувач може да биде член  и кои се придобивките од членството?

Витошевиќ: Секое физичко лице со навршени 16 години може да стане член на Cashback World, со тоа што, додека е сè уште малолетно лице, мора да постои согласност од родител/старател. Секое лице кое станува наш член при регистрацијата, прифаќа општи услови за користење на нашите услуги, кои се истакнати на нашата веб страна и мобилна апликација.

Секој нов член има на располагање бесплатна апликација каде што има на располагање дигитална картичка, или пак може да си побара од кај нас пластична картичка и истата ја доставуваме до домашна адреса. Членството е бесплатно и трае неограничен временски период. Придобивките започнуваат уште од самиот почеток. Членовите на Cashback World добиваат до 5% поврат на средства и шопинг поени за секое купување во еден од 130-те илјади лојални Трговски Партнери ширум светот, што понатаму можат да ги искористат за некоја од атрактивните зделки и понуди на трговските партнери.

Предностите ги исплаќаме секој четврток на трансакциска сметка во банка, и за таа цел охрабруваме поголема активност кај членовите со цел да исплаќаме поголеми износи на кешбек.


И трговските синџири, самите нудат поени, враќање на пари, картички. Кои се вашите предности?

Витошевиќ: Корисниците на Cashback World услугите не добиваат предности само кај еден трговец, туку во сите можни малопродажни, па и големопродажни сектори. Исто така, оној член кој ќе се регистрира во Македонија, може да пазарува потоа во 47 земји. Значи немаме географски лимит. Поединечно издадената традиционална лојална картичкапак, може да враќа добри предности, но најчесто само кај еден трговец и само во една држава.

Нашиот систем на поволности е многу покомплексен и не застанува единствено на еден тип на продажно место, туку стекнатите поволности од купувањето на едно место, корисникот може да го искористи на сосема друго. И што е многу важно, опцијата за електронско купување е во многу понапредна фаза, а тука би ја споменал уште еднаш  иновативната дигитална услуга наречена eVoucher, со која придобивките од купувањето во семејството на Cashback World никогаш не биле подостапни.

Услугата овозможува плаќање преку eVoucher кој е интегриран во бесплатната Cashback апликација, достапна на App Store и Google Play Store, при што членот веднаш добива Cashback и шопинг поени.

Во последно време засилено се развива и онлајн пазарувањето – вие исто така овозможувате поволности и од овој аспект?

Витошевиќ:Континуираниот раст на онлајн трговските партнери е многу охрабрувачки и ни укажува дека членовите на Cashback World го користат овој вид на купување каде што исто така добиваат Cashback и шопинг поени (SP). Начинот на искористување на предностите при онлајн пазарувањето е многу едноставен, а за помалку искусните имаме направено помагало наречено Cashback Helper, кое  уште повеќе го олеснува пазарувањето.

Како најатрактивни би можел да ги издвојам соработките со booking.com, aliexpress.com, asos.com, agoda.com, hotels.com и kiwi.com, но доста изненадуваат и локалните брендови како што се marketonline.mk, kupinapopust.mk, 24apteka.mk и други наши локални парнери во делот на онлајн продажбата. Иако веќе поголем дел од работењето ни се одвива дигитално преку нашата мобилна апликација,  долгорочниот план на меѓународно ниво е да се насочиме повеќе во правецот на онлајн бизнисот, кој сметаме дека е иднината.

Дали граѓаните се интересираат, колкав број на членови имате во моментов?

Витошевиќ: Во моментов Cashback World заедницата брои повеќе од 250.000 членови во Македонија, со тенденција на раст од месец во месец од преку 2,000 нови членови. Членската база ни е развиена буквално во секој град во државата. Можам да кажам дека нема причина зошто некој не би се интересирал да биде член во бесплатна платформа која ми нуди предности при секојдневните пазарувања. Нешто што секако го правиме, само сега целно кај трговците на платформата.

Како гледате на бизнис климата во земјава?

Витошевиќ: Македонија ја чувствува потребата од зголемување на соработката на домашните компании со партнери од други земји кои што нудат нови идеи и можности за соработка, а со тоа и давање на нов правец кој што води кон унапредување на бизнисите и подобрувањето на бизнис климата во земјава. Сериозно е потребно отварање на земјата кон нови можности за меѓународна трговија. Но исто така искрено се надевам дека во блиска иднина ќе се креира уште подобра атмосфера за онлајн бизнисите како и доверба кај луѓето за користење на дигитални или онлајн услуги.

Секогаш тргнувам од себе! Јас лично како дел од генерацијата миленијалци сите услуги кои ги користам се онлајн преку мобилниот телефон. Дали е храна или домашни залихи исклучиво купувам со електронски ваучери или онлајн. Без разлика што постарите генерации имаат предрасуди, недоверба и отпор према внесување на нови технологии во животните навики, трендовите со голем замав одат во таа насока. Дури ни ние не сме имуни на убави промени. Тргнувајќи од потребите и навиките на помладата генерациија, на бизнисите им препорачувам да се адаптираат на трендовите.

Кои се предизвиците на вашата компанија во следниот период?

Витошевиќ: Компанијата во оваа форма на пазарот постои од март 2018 година. Некогашниот Лајонес ДООЕЛ Скопје бепе купен од нова групација која се нарекува мајВорлд и е со седиште во Лондон, Велика Британија. Со тоа старата фирма претрпе промена на сопственичката структура, како и назив, односно премина од Лајонес во мајВорлд Македонија. Менаџментот и тимот во компанијата остана непроменет во целосен состав и продолжуваме со јасна задача и фокус за развивање на Cashback World брендот. Нашата дејност е давање на шопинг услуги према купувачите и трговците, како и пенетрација на пазарот во тој правец.

Предизвици имаат сите фирми, а она што ние најмногу се бориме е со потрошувачките навики кај граѓаните, како и користење на дигиталните услуги. Нашата желба е секогаш активноста кај членовите да е на највисоко можно ниво. За таа цел се трудиме нашите производи да се едноставни за употреба и се трудиме секој наш корисник да ужива во таканаречениот „customer journey” и да создадеме долгорочно партнерство со нашите членови.

Лидери сме во лојалти и кешбек индустријата, и како и секој лидер во својата индустрија имаме доста предизвикувачи. Во последно време свдочиме како доста фирми и институции ја превземаа идејата на кешбек во својата палета на производи и услуги, што многу не радува, бидејќи придонесуваат врз позитивниот менталитет и навиките за ваквите услуги, како и можност за граѓаните членови да направат разлика помеѓу услугите, што претставува добар стимул за сите.

Во март минатата година нашиот главен фокус беше на кешбек картичката, а за само една година главниот фокус да го ставиме на дигитална картича, електронски ваучери и онлајн пазарувања. Доста сме брзи во смисла кога говориме за тредови и развивање на нови продукти, дури некогаш сме побрзи со развојот отколку што можеме да постигнеме со пласман на пазарот, што е голем предизвик за нашите тимови.

На долгорочен план, сакам да откријам дека нашата компанија спрема глобална таканаречена „marketplace” платформа наречена myworld.com, која ќе биде доста конкурентна, како на глобално ниво така и во Македонија.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија