28 Март, 2024
0.0263

„Вива Спарк“- поинакво газирано освежување со вистинско овошје за топлото лето

Објавено во: Мои пари 10 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

На почетокот на долгото и топло лето, македонската компанија „Вивакс“ започна мисија да ги освежи граѓаните со новиот газиран безалкохолен пијалак со премиум-квалитет „Вива Спарк“. Достапен во три уникатни цитрусни вкусови на бел грејпфрут и лимон, црвен грејпфрут и портокал, безалкохолниот пијалaк содржи многу повеќе свежо овошје кое брзо ја згаснува жедта и освежува. 

„Вива Спарк. Почувствувај ја разликата. Нови. Газирани. Со вистинско овошје“, е слоганот зад новиот производ. Пијалакот е инспириран од сите оние кои се подготвени да се впуштат во нови предизвици, почетоци и победи и e совршениот придружник на сите возбудливи животни авантури. Шишето е со уникатен имодерен дизајн и е специјално креирано со цел да биде лесно за „аутдор“ употреба. 

 - Следејќи ги желбите и потребите на нашите потрошувачи го создадовме „Вива Спарк“ кој е резултат на непрекината работа на нашиот стручен тим во тек на една година. Во тој период беа дегустирани 200 различни вкусови од кои, на крај, беа одбрани три, односно бел грејпфрут и лимон, црвен грејпфрут и портокал. Од друга страна, за името ревидиравме и тестиравме повеќе од 150 предлози. Нашата цел е постојано да бидеме во чекор со желбите и потребите на нашите потрошувачи кои секогаш тежнеат кон нешто ново, различно и иновативно. „Вивакс“ги следи светските трендови и располага со најсовремена технологија со која го создадовме овој газиран безалкохолен пијалак со врвен квалитет и со вистинско овошје кој го прави различен од останатите газирани пијалаци присутни на македонскиот пазар  – вели менаџерскиот тим на компанијата.

Без разлика дали летото ќе го минете во град, на езеро, море или планина, „Вива Спарк“ ќе го донесе посакуваниот цитрусен вкус кој ќе ви овозможи поразлично освежување. Пијалакот е идеален за сите кои трагаат по бран свежина во топлите летни денови. Пробајте ги и почувствувајте ја разликата која ја носи вистинското овошје!



Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија