16 Април, 2024
0.0248

VIVAX топлински пумпи – Дигитализација на целиот систем за ладење и греење на секое домаќинство

Објавено во: Мои пари 30 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Ширењето на WiFi технологијата и развојот на дигиталните апликации за паметните телефони ги создадоа предусловите за концептот на „паметно живеење“. Современите технологии кои што ги користат денешните мобилни телефони нудат решенија преку кои што секој еден човек може да ги контролира уредите во својот дом. Регулирајќи ги апаратите во домаќинството од било каде, дури и кога корисникот е далеку од дома, овозможува да се подобри конфорот за живеење и да се оптимизира потрошувачката на електрична енергија на секој дом.

Многу е важно и неопходно да се обезбеди сигурен систем за ладење и греење на домот, кој ќе биде најефикасен и ќе носи најниски трошоци, преку целата година. Можност за дигитализација на целиот систем за ладење и греење е предност плус, а истата ја нуди компанијата VIVAX, преку топлинските пумпи, чие функционирање може лесно и едноставно да се контролира преку мобилен телефон.


За пријатен престој во секој дом, на секое домаќинство му е потребен пријатен амбиент со соодветна температура, која што може да се добие со новите топлински пумпи на VIVAX, кои што имаат троен систем на работа, односно ладење, греење и топла вода, преку целата година. Предноста на топлинските пумпи е тоа што, нивното работење може да се поврзат со многу апарати во домаќинството.


Можноста VIVAX топлинските пумпи да се поврзат со голем дел од уредите во домот, како што се подно греење, радијаторите, бојлерите за греење на вода и слично, овозможуваат постигнување на совршена температура во домот, во текот на целата година. Опцијата за WiFi поврзување, дава можност за контролирањње на работата на VIVAX топлинската пумпа, односно регулирањето на температурата во домот може да се прави едноставно преку мобилниот телефон, од било кое место со интернет конекција. Преку опцијата на мобилниот телефон, сега едноставно може да се провери состојбата на работата на уредите во домот кои се поврзани со топлинската пумпа, да се намести температурата, посебно во секоја соба од домот, да се сетира режимот на работа и доколку се појави некој дефект, информациите за истиот да се појават како известување на мобилниот телефон.

Времето кога уредите во домаќинството се контролираа преку далечински управувач полека поминува. Грижите за тоа дали домот ќе биде топол или ладен кога се враќаме од работа или прошетка, се веќе минато. Сега само со еден клик на мобилниот телефон може да ја поднесеме температурата која сакаме да ја имаме кога ќе се вратиме дома.

За повеќе информации и детали за новите VIVAX топлински пумпи обратете се на некој од телефоните за контакт 02 3202 837 / 02 3202 812 или посетете некое од продажните места преку продажната мрежа.


Можеби ќе ве интересира

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ

СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ

Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот пазар на телевизори 18 години по ред

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот пазар на телевизори 18 години по ред