20 Март, 2023
0.0208

ВИЗЕР, ЛУФТХАНЗА И АЕГЕАН ЕРЛАЈНС ПОБАРАА СУБВЕНЦИИ ЗА АВИОЛИНИИ, надлежните ги разгледуваат барањата

Објавено во: Економија 27 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Доставени три барања за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии до Министерството за транспорт и врски. Визер, Луфтханза и Аегеан Ерлајнс се компаниите кои доставија документи на јавниот повик објавен за субвенции за нови авиолинии. 

- Ве информираме дека денеска во просториите на Министерството за транспорт и врски се отворија барањата за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

На јавниот повик кој што траеше од 20 декември 2022 година до 26 јануари 2023 година документација доставија три авиокомпании и тоа Визер, Луфтханза и Аегеан Ерлајнс.

Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди - соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.

Од таму додаваат дека јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија.

Целта на финансиската поддршка во авиопревозот е поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните на Северна Македонија.

Фактор претходно објави дека Владата планира со пет милиони евра во следните три години да субвенционира авиолетови. 

Согласно програма за периодот 2023 до 2025 година, за оваа намена се издвојуваат 312.420.000 денари или пет милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ГАЗДИТЕ АКО ТРЕБА ЌЕ ГРАДАТ И ИНТЕРНАТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТРАНСТВО, САМО ДА ДОЈДАТ - Ангел Димитров кажа од каде може да се увезе работна сила

ГАЗДИТЕ АКО ТРЕБА ЌЕ ГРАДАТ И ИНТЕРНАТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТРАНСТВО, САМО ДА ДОЈДАТ - Ангел Димитров кажа од каде може да се увезе работна сила

Расте цената на златото, допрва ќе има побарувачка

Расте цената на златото, допрва ќе има побарувачка

Угостител од Истра не може да најде готвачи и келнери, платите се до 2.000 евра

Угостител од Истра не може да најде готвачи и келнери, платите се до 2.000 евра

КОГА НАЈАВА ЗА ОТКАЗ ДОБИВАШ ПРЕКУ ПОРАКА - првиот човек на „Амазон“ најави уште 9.000 отпуштања

КОГА НАЈАВА ЗА ОТКАЗ ДОБИВАШ ПРЕКУ ПОРАКА - првиот човек на „Амазон“ најави уште 9.000 отпуштања

КОЛКАВИ МЕСЕЧНИ ПАУШАЛИ ЌЕ ДОБИВААТ ДИРЕКТОРИТЕ ВО „ТЕТЕКС“ - компанијата ги објави бројките, има и мали промени во Одборот

КОЛКАВИ МЕСЕЧНИ ПАУШАЛИ ЌЕ ДОБИВААТ ДИРЕКТОРИТЕ ВО „ТЕТЕКС“ - компанијата ги објави бројките, има и мали промени во Одборот

ГЛАВЕН ДОБАВУВАЧ НА НАФТА ВО КИНА: Не е Саудиска Арабија, туку Русија

ГЛАВЕН ДОБАВУВАЧ НА НАФТА ВО КИНА: Не е Саудиска Арабија, туку Русија

КАКВА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА САКАМЕ?

КАКВА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА САКАМЕ?

АД Железници го доби осмиот директор за пет години

АД Железници го доби осмиот директор за пет години

Ковачевски: Нема да се враќаат пари од субвенционираната струја, договорот беше џентлменски

Ковачевски: Нема да се враќаат пари од субвенционираната струја, договорот беше џентлменски