29 Март, 2024
0.0265

Новогодишно интервју со Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје

Визијата на Филип Морис е дека еден ден производите без чад ќе ги заменат цигарите

Објавено во: Економија 31 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

IQOS и несогорливиот тутунски производ на Филип Морис Интернешнел (ФМИ) не се непознати за македонските пушачи. Многу од нив го прифатија овој уред како алтернатива на традиционалните цигари. Но поради законските пречки кои не дозволуваа легална продажба на уредите кај нас, корисниците до сега мораа да се организираат и да ги набавуваат од околните земји. Неодамна донесениот Закон за тутун и тутунски производи отвори врата за комерцијализација на овие производи и во Северна Македонија. За IQOS како производ кон кој веќе преминаа 8,8 милиони пушачи од целиот свет, за предностите, научните истражувања и визијата за иднина без чад зборуваме со Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП, кој најавува почеток на продажба на IQOS и кај нас во текот на 2020 година.

Околу 8,8 милиони пушачи во светот веќе избраа да се префрлат од традиционалните цигари на IQOS уредот со несогорлив тутун. Која е разликата меѓу цигарите и производите со несогорлив тутун и што кажуваат истражувањата за несогорливиот тутун?

Традиционалните цигари и несогорливиот тутун се две сосема различни категории на кои единствено заедничко им е што содржат тутун. Кај цигарите тутунот гори, достигнувајќи температура од над 600 степени при што се создаваат голем број штетни и потенцијално состојки кои влијаат на здравјето на луѓето и на околината. Знаете, од 6.000 компоненти во тутунот, над 2.000 се природни состојки на растението кои не се штетни сé додека истите не согоруваат на висока температура. Со согорувањето, голем број од овие супстанции стануваат многу токсични и штетни како за пушачите, така и за околината.

Нашите научници решение на овој проблем најдоа во тутунски производи кои не согоруваат, туку се загреваат на многу пониска температура - до најмногу 350 степени каде притоа се создава аеросол кој во себе во просек има од 90 до 95 отсто помалку штетни и потенцијално штетни состојки во однос на чадот од цигарите.

Филип Морис применува меѓународно признати стандарди и методи во своето истражување. Нашата научна програма е сложена и не се потпира на истражување само во една област, туку на таканаречен збир на резултати. Тоа значи дека ја проучуваме хемијата и физиката на аеросолот од загревањето на тутунот, правиме разни лабораториски тестови, неклинички и клинички испитувања. Системот IQOS досега поминал 18 неклинички и 10 клинички испитувања спроведени од наша страна. Има и 60 различни независни студии на академски центри и истражувачи. Студии се направени и од разни владини агенции, вклучително и од Велика Британија, Холандија, Италија, Јапонија, Германија, Кореја и други. Досега имаме над 340 публикации со взаемна научна контрола. Нашето научно досие за IQOS е доставено до Управата за храна и лекови на САД (ФДА) за преглед и проценка. Врз основа на оваа документација IQOS доби одобрение за продажба од страна на ФДА на пазарот во САД. Нашите научни податоци ги објавуваме јавно на www.pmiscience.com и www.clinicaltrials.gov како и на многу медицински и научни светски и локални форуми. Научните резултати не охрабруваат да продолжиме самоуверено создавајќи реалност во која алтернативите без чад еден ден ќе ги заменат цигарите.


Која е разликата во влијанието на користењето на несогорлив тутун врз организмот на човекот во однос на традиционалните цигари?

Она што треба да се потенцира е дека употребата на несогорливиот тутунски производ не е без ризик. Несомнено, за здравјето на човекот е најдобро воопшто да не се користи никаков тутунски производ, ниту некоја друга замена која содржи никотин, а сегашните пушачи да престанат да пушат. Но, научните докази од клиничките и претклиничките испитувања и хемијата на аеросолот покажуваат дека системот на загревање на тутунот IQOS, иако не е без ризик, е помалку ризична алтернатива од долгорочното пушење цигари. Нашите клинички податоци со корисници кои се вклучиле во користење на IQOS во период од 6 месеци покажуваат дека биомаркерите кај оние кои престанале да пушат и оние кои преминале на IQOS се движат во иста насока. Затоа, за оние кои сакаат да се откажат од пушењето, но не можат да го направат тоа, ние сметаме дека IQOS  ја дава таа алтернатива.

Кој е „профилот“ на луѓето кои одлучуваат да се префрлат на IQOS?

Филип Морис  Интернешнел почна да го продава IQOS за прв пат во Јапонија во 2014 година и денес тој веќе се продава во повеќе од 50 земји. Првите што го избраа IQOS се претежно претставници на урбаното население - активни, информирани, современи лица, отворени за иновации, кои сакаат да го подобрат својот животен стил. На глобално ниво, просечната старост на корисниците на IQOS е помеѓу 35 и 45 години. Меѓутоа, многу брзо по појавата на производот на некој пазар, и оние кои не спаѓаат во оваа старосна група, ниту се вклопуваат во профилот  на „рани пушачи“, сфаќаат дека оваа алтернатива е за нив многу подобра опција од тоа да продолжат да пушат и дека е одлична алтернатива за сите оние кои сакаат да се откажат од пушењето.

За IQOS дизајнот е многу важен; елеганцијата на изработката изгледа дека носи посебен вид престиж. Која е големата тајна во дизајнот на производот?

Најновата верзија на уредот за греење навистина се одликува со елегантен и стилски дизајн. Но, изгледот не би бил важен доколку не оди рака под рака со подобрените карактеристики дизајнирани целосно врз основа на повратни информации од корисниците. Со новиот IQOS ProtectPlusTM систем го преиспитавме концептот за брзина, заштита и издржливост на IQOS уредите. Секој возрасен корисник одредува субјективно која од иновациите и подобрувањата ја смета за најдобра за себе. Изгледот и функционалноста се многу важни карактеристики за потрошувачите, но она што се надеваме дека ќе биде главна причина да го изберат IQOS е фактот дека е помалку штетен за нивното здравје, како и дека воопшто не влијае негативно на квалитетот на воздухот во нивното опкружување.  

Недоволно информирани лицa би помислиле дека уредот со несогорлив тутун е нешто слично на електронските цигари. Која е разликата меѓу двата вида производи?

Електронските цигари, и многу нивни поттипови, се производи што не содржат тутун, туку се уреди за испорака на никотин - обично со загревање на никотинска течност. Од друга страна IQOS користи вистински тутун кој се загрева и поблиску го имитира ритуалот на пушењето од електронските цигари. Сличноста со употребата на овие две категории производи е во тоа што и во двата случаи нема согорување, нема пепел и чад, туку произведуваат пареа која содржи никотин. Во оваа смисла, тие се исто така дел од новите алтернативи на традиционалното пушење, под услов да ги исполнуваат законските барања и утврдените стандарди за квалитет.


Дали кризата со електронските цигари во САД влијаеше на продажбата на IQOS?

Не, напротив. Кризата во САД се појави од две причини. Првата е што многу производители на електронски цигари неодговорно ги комерцијализираа своите производи и предизвикаа голем број малолетни лица да почнат да ги користат. Втората е што на нелегалниот пазар во САД се појавија модифицирани кертриџи за електронските цигари во кои се додавани канабис и други непроверени супстанци, што  предизвика голем број заболени од мистериозна респираторна болест, па дури и до смртни случаи. Тоа ги натера регулаторите да почнат да воведуваат ред на пазарот на алтернативни производи на цигарите. Сега сите производители на алтернативни производи мораат од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) да добијат дозвола за комерцијализација, доколку сакаат и по мај 2020 година да останат на пазарот. И токму тоа даде голема компаративна предност на нашиот IQOS бидејќи компанијата Филип Морис пред две години до ФДА поднесе комплетна научна документација, врз основа на која во април 2019, доби дозвола да го комерцијализира производот во САД.

Агенцијата утврди дека аеросолот што IQOS го произведува содржи помало ниво на некои токсични состојки во споредба со чадот од цигарите. Благодарение на сето тоа од октомври, во време на голема криза со други видови алтернативи, IQOS се појави на пазарот во САД, токму благодарение на фактот што Филип Морис ги испочитува сите процедури и правила за комерцијализација низ кои останатите производители допрва ќе треба да поминат.

Дали производите со несогорлив тутун се иднината на пушењето, односно дали верувате дека пушачите постепено ќе се префрлат од традиционалните цигари кон овие производи или можеби целосно ќе престанат да пушат?

Ние во Филип Морис навистина веруваме дека иднината на тутунската индустрија лежи во производите без чад.

IQOS е заштитен знак на нашиот уред за греење на тутун, заснован на иновативна технологија на која ФМИ работеше долго време за да создаде нова реалност и за возрасните пушачи и за луѓето околу нив. Оваа реалност значи дека возрасните пушачи имаат подобра алтернатива отколку да продолжат да пушат.

Во светот и покрај сите регулативи и забрани воведени во нашиот сектор, според проекциите на СЗО во 2025 сеуште ќе постојат околу 1,1 милијарди пушачи, што упатува на тоа дека возрасната популација не сака или едноставно од некоја причина не престанала да пуши. Токму затоа сметаме дека новите алтернативни производи без чад се модел за напуштање на пушењето цигари за оние кои не можат да престанат да пушат. Секако, промената може да биде тешка затоа што секоја промена создава страв од непознатото или поради погрешно разбирање на потребата од промена. Веруваме дека научните докази и повратните информации од потрошувачите во наредните години ќе помогнат и ќе играат клучна улога во надминување на стравот и прифаќање на нови алтернативи. Оваа иднина веќе се гради, а тоа е новата иднина без чад.

Впрочем, визијата на Филип Морис е дека еден ден производите без чад ќе ги заменат цигарите.

IQOS е веќе присутен во околните земји во соседството. Неодамна беше донесен нов Закон за тутун и тутунски производи и нов Закон за акцизи кои ја отворија вратата за легална продажба на IQOS и кај нас. Кога може да се очекува дека IQOS конечно ќе дојде и кај нас? И дали сметате дека македонските пушачи ќе ги препознаат предностите на IQOS?

Да, пред неколку месеци се усвои нов Закон за тутун и тутунски производи и нов Закон за акцизи (но кој треба да стапи на сила од 1. јануари 2020 година) со кој за прв пат се регулира и овозможува легално производство и продажба на електронски цигари, како и производи од несогорлив тутун.

Според последните проценки на Институтот за јавно здравје во Македонија има околу 700 илјади пушачи. Огромен дел од оваа популација има желба да се откаже од пушењето или да добие алтернатива која ќе биде помалку штетна и за нив и за околината. А таква алтернатива е IQOS. Ние во Филип Морис ТКП интензивно работиме на подготовките за успешно претставувањеи продажба на уредот за загревање на несогорлив тутун и на македонскиот пазар, што сигурно ќе се случи во текот на 2020 година.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!