Вклучен алармот: Во автомобилите се точи понеквалитетниот индустриски гас
Објавено во: Економија 06 Септември, 2018
Познавачите на пазарот на гориво ја алармираа грчката јавност за големи феномени на шверц на грчкиот пазар, кои се проценува дека ја чинат јавната каса повеќе од 40 милиони евра годишно и ги оштетуваат возилата, затоа што наместо автомобилски се точи индустриски гас, објави денеска Катимерини.
Тие укажуваат на широка продажба на гас наменет за индустриска употреба - кој е далеку послаб во квалитет и оданочен по пониска цена - дека се продава на бензинските пумпи како авто-гориво.
Секој литар индустриски гас носи 0,21 евра помалку данок од еден литар моторно гориво, при што шверцерите ја добиваат разликата.
Се проценува дека повеќе од 25 проценти одавто- гасот што се продава во Грција доаѓа од испораките на индустриски гас, што исто така може да има штетно влијание врз возилата.