07 Декември, 2025
0.1486

Вкусот на Латинска Америка во Limak Skopje Luxury Hotel

Објавено во: Мои пари 11 Март, 2025 12:06

Добивај вести на Viber

Во петок, 21 март, во Limak Skopje Luxury Hotel, ќе се одржи Латино вечер на која извонредните готвачи на хотелот ќе ги покажат своите кулинарски вештини, подготвувајќи автентични латино-американски јадења.

Менито на оваа Латино вечер ќе содржи типично кубанско јадење од говедско месо, кое се смета за едно од националните јадења на оваа земја. Останатите гастрономски изненадувања што ќе можат да се вкусат се карактеристични специјалитети со потекло од Мексико и Бразил.

Посетителите на Латино вечерта ќе имаат прилика да ги пробаат и разновидните коктели во чија основа е румот, што е типичен пијалак за Карибите, каде се произведуваат повеќе од 70 различни брендови на рум. Овој пијалак многу често се користи за подготовка на коктели со тропски вкус и изглед, кои се одличен аперитив или придружник на латино-американските јадења.

На Латино вечерта ќе настапи танцовиот клуб „Desire“ и со звуците на латино музиката ќе ја долови убавината на Латинска Америка - синоним за прекрасни плажи, автентична музика и разнобојни карневали.

Латино вечерта започнува во 20.30 часот, во Clover ресторанот на петтиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат и сите дополнителни информации и резервации.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј