24 Април, 2024
0.0649

Владата без јасна стратегија за тужбата од Хеленик петролеум: Процесот бил сензитивен

Објавено во: Економија 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Владата одлучи да не коментира за случајот со тужбата од Хеленик петролеум оти станувало збор за арбитражна постапка и сензитивен процес. Додека малку од нашите ставови се познати, а недоволно е јасна и владината стартегија како ќе настапи во овој процес, грчката страна интезивно работи на случајот. Џорџ Алексопулос, генерален менаџер за стратешко планирање и нови активности во Хеленик петролеум вели дека во моментов има разговори со македонската Влада за да се најде спогодбено решение. Се зборува и за прашањето околу нафтоводот Солун-Скопје. Сепак тече и постапката во Арбитражниот суд во Париз и веќе се назначени членовите на Арбитражниот трибунал.

„Групацијата Хеленик Петролеум во декември покрена арбитражна постапка против Владата на Република Северна Македонија пред Меѓународниот кривичен суд, со барање за оштета од 32,6 милиони долари што произлегува од непочитувањето на обврската за набавка на минимално договорените количини на мазут во периодот од 2008 до 2011 година, што е прекршување на договорот од 1999 година. Членовите на Арбитражниот трибунал беа назначени од двете страни и во моментов процесот е во тек. Паралелно со арбитражниот процес, ние водиме разговори со Владата на Република Северна Македонија со цел да најдеме спогодбено решение за спорот. Во однос на другото прашање кое се однесува на нафтоводот Солун – Скопје, ние исто така имаме контакти со владата во обид нафтоводот да продолжи да работи, согласно релевантната одредба од Преспанскиот договор, рече Алексопулос на маргините на “The Economist Conference” која се одржа во Атина пред два дена.

Фактор побара коментар од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓшев од каде го изјавија следново.

„Владата не коментира арбитражни постапки, поради сензитивнсота на процесот. За сите нови информации, јавноста ќе биде навремено информирана, велат оттаму.

Министерот за економија Крешник Бектеши, вчера потврди дека Владата се уште нема ниту адвокат за процесот, а неофицијално, малку од работите во овој случај се завршени. Впрочем како што велат наши извори, ова праашње не е ставено како приоритетно, па сите разговори се иницираат од грчката страна.

„Нашите аргументи ќе ги презентираме ако почне рочиштето. Досега имавме неколку состаноци со компанијата. Генерално преговорите ги водиме јас и вицепремиерот Кочо Анѓушев, но вклучени се и експерти. Ќе ја продолжиме постапката за преговарање и навреме ќе известиме за се, рече вчера Бектеши.

Бектеши не сакаше да открие детали ниту околу разговорите за нафтоводот. Грчката страна бара да се активира работата на нафтоводот.

Хеленик Петролеум е сопственик на скопската рафинерија ОКТА, а ја тужи Македонија за непочитување на купопродажниот договор според кој до истекот на договорот земјава требаше од ОКТА да откупува по 500.000 тони мазут годишно. Грчката компанија еднаш веќе доби ваков спор и од Македонија наплати 40 милиони долари.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?