25 Април, 2024
0.0274

Владата догодина ќе се задолжува за да врати стари долгови

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

За покривање на буџетската дупка и за финансирање на досепаните стари долгови, Владата планира идната година да се задолжи 854 милиони евра. 

Преку аукции на домашниот пазар треба да земе скоро три милиони, а од странски извори да позајми 566 милиони. Министерот за финансии Драган Тевдовски тврди дека каматната стапка ќе биде клучна за издавање на еврообврзница. Годинава  таа не беше издадена, а државата успешно се финансираше од домашниот пазар. 

„Очекувањата се дека дека со оглед што и ФЕД почна да ја затега политиката, на меѓународниот пазар ќе почнат да се зголемуваат каматните стапки, тоа прави да милсиме дека е време да се излезе со еврообврзница, бидејќи не е исто да се издаде со камата 3, 4 или 5 или 20%, значи ќе донесеме одлука за излегување на меѓународниот пазар, само ако граѓаните за тоа платат ниска каматна стапка“- вели Тевдовски.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат Владата планира следната година да ја задолжи државата за една милијарда евра.

„Владата на СДСМ планира да ја задолжи државата наредната година за близу една милијарда евра. Една милијарда евра ќе бидат задолжени македонските граѓани и идните генерации. Една милијарда евра поради задолжување и една просечна плата помалку за семејствата поради воведување на повисока акциза за нафтата“- рече Лилјана Кузмановска од ВМРО- ДПМНЕ.

Следната година во буџетската каса е проектирано да се соберат 3,14 милијаради евра, а да се одлеат 3,44 милијради. 

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?