24 Април, 2024
0.0290

Владата еднострано ќе го раскине договорот за концесија на „Казандол“

Објавено во: Економија 24 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Владата наскоро најверојатно ќе го раскине договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини со украинскиот инвеститор Сардич за локацијата „Казандол“. Како што беше најавено потребниот дополнителен рок за обезбедување на целосната документација е веќе завршен и подготвена е одлука која најпрво ќе треба да помине на усвојување на првата наредна владина седница.

Потоа ќе биде ставена на потпис и на премиерот Зоран Заев, по што се очекува да биде одземена дозволата за рудникот за бакар, злато и сребро во Казандол, валандовско. Главните причини за раскинување на договорот е тоа што инвеститорот не ги исполнил дел од своите обврски. 

„Еднострано се раскинува од страна на концедентот, бидејќи концесионерот не ја исполнил обврска од Договорот за концесија, односно во рок од две години од денот на доделувањето на концесијата за експлоатација на локалитетот „Казандол“, општина Валандово, општина Богданци и општина Дојран, не изградил постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50% од експлоатираната руда“,  е најверојатно содржината на дел одлуката за раскинување на договорот, информира ТВ 24.

Но Владата ќе треба да се брани пред арбитражниот суд во Лондон зашто најверојатно Сардич  ќе покрене постапка против Македонија и ќе бара отштета од 380 милиони евра за еднострано раскинување на договорот.

Целиот Југоисток организираше големи протести против изградба на рудник за кој се сомневаат дека ќе има штетни последици врз здравјето на луѓето и животната средина,. а се организираа и референдуми на локални ниво.

Јавното обвинителство, пак, паралелно со ова, истражува како била издадена концесијата за експлоатација на бакар во 2015 година.


Можеби ќе ве интересира

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела