Владата го укина онлајн коцкањето
Објавено во: Економија 24 Септември, 2024
Владата денеска на редовна седница ги забрани онлајн игрите на среќа.Ова следи по собраниското толкување дека лиценца за тоа има само АД Државна лотарија.
„Ме радува што од денеска со Одлука на Владата во оваа држава се забранува и казнува онлајн коцкањето. Единствените кои не се согласуваат со оваа одлука се некои поранешни функционери на ДУИ кои изградија империја во коцкањето, давајќи дозвола за такви активности на српски или црногорски компании“, објави министерот за здравство Арбен Таравари на Фејсбук.
Законодавната правна комисија утврди дека барањето на парламентарната група на Коалицијата Вреди за автентично толкување на Законот за игри на среќа е оправдано. Во моментов пет фирми организираат игри на среќа преку интернет. Едната е Државата лотарија, а во останатите четири фирми Државната лотарија поседува по 51 отсто од капиталот.
Коцкање преку интернет со години организира Новата државна видеолотарија, која е во косопственост со Казинос Аустриа, а на почетокот на годинава Државната лотарија отвори уште три фирми – едната во партнерство со бугарската Телематик Интерактив, едната со српски Моцарт и едната со црногорски Везув. Во новите фирми, Државната лотарија ја инвестира лиценцата за приредување игри на среќа на интернет, а странските партнери по над 2 милиони евра за оперативни трошоци.
Министерството за финансии се сомневаше дека никој од нив нема валидна лиценца за приредување игри на среќа на интернет, па дека тоа треба да го утврдат пратениците со автентично толкување на законот.
Според законот, коцкање преку интернет смее да организира само Државната лотарија или друга фирма каде што Државната лотарија е мнозински сопственик.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.