Владата и Југохром се договорија, филтри па дозвола за работа
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2017
Владата на Република Македонија и комбинатот Југохром потпишаа меморандум со кој се предвидува фабриката да добие дозвола за работа кога ќе го заврши процесот на поставување филтри со што треба да се спречи загадувањето на воздухот.
Ако се одвива се со некаква нормална динамика, тоа значи дека крајот на мај, почетокот на јуни „Југохром“ ќе биде подготвен за вклучување на печките 7 и 8, вели Васко Скендеровски, претставник на „Југохром“.
Бајрам Амити, од Синдикатот на вработените во фабриката, е уверен дека Владата ќе најде механизми за да врши притисок до сопственикот на фабриката да ја реализира инвестицијата.
Инвестицијата за системот за отпрашување е проценета на 12 милиони евра, а само за печките 7 и 8 изнесува 4,5 милиони евра. Со рестартирањето на „Југохром“, на работа одново треба да се вратат околу 800 работници од тетовскиот регион.