Владата и Министерство за здравство собраа безмалку 3,5 милиони евра од донации
Објавено во: Финансии 23 Јуни, 2020
Министерството за финансии објави дека до сега Владата преку Солидарниот фонд за надминување на корона - кризата и Министерството за здравство собрале безмалку 3,5 милиони евра ппреку донирање.
„На донаторската сметка на Министерството за здравство се собрани околу 114 милиони денари, додека во Солидарниот фонд на Владата на РСМ околу 87 милиони денари“, објави Министерството за финансии.
Донациите се набавка на стоки, добра и услуги кои се потребни заради заштита на населението од корона вирусот..Истите се користат и за помош за уметници, филмски работници, други самостојни културни работници, физички лица кои вршат авторски ангажмани во областа на културата за помош во справување со корона кризата, радиодифузерите, помош и поддршка на микро, малите, средните и големите претпријатија кои се погодени од корона кризата.