29 Септември, 2024
0.0249

Владата им исплати 2,6 милиони евра ковид-субвенции на Железници и Водостопанство

Објавено во: Економија 31 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Владата на 24 декември вонредно им исплати 2,6 милиони евра на акционерските друштва во државна сопственост Железници на РСМ Транспорт и Водостопанство.

На Водостопанство му се исплатени 100 милиони денари, додека истиот ден на Железници им се префрлени 60 милиони денари за справувањето со тешкотиите во кои се затекнати друштвата за време на пендемијата, односно за исплаќање на платите.

Ова е дополнителен финансиски буст за Железници Транспорт, но и товар за буџетот, ако се знае дека ова претпријатие редовно се субвенционира од Министерството за транспорт и врски, а има и своја наплата. Во ноември железничкиот сообраќај беше неколку дена во прекин. Машиновозачите протестираа поради неисплатен втор дел од октомвриската плата. Претходниот директор Аднан Азизи тогаш рече дека била побарана итна финансиска помош од Владата.

- Врз основа на Одлука на Владата за одобрување на средства од Буџетот за 2021 година, од П програма за мерки за справување со КОВИД-19 кризата, на МЖ Транспорт се исплатени 60 милиони денари, наменети за плати на вработените, се вели во одговорот на Владата за „Фактор“.

МЖ транспорт годинава веќе има доспеан а неплатен долг од околу 60 милиони евра. Односно, овој голем државен должник на крајот на првиот квартал од годинава должел 63,8 милиони евра.

АД „Водостопанство“, претпријатието за наводнување и одводнување, станува уште еден државен економски товар, затоа што не може на крај да излезе со исплатата на обврските и со наплатата на побарувањата.

Владата летоска објави дека подготвува пакет помош од 200 милиони денари за претпријатието за наводнување, а АД „Водостопанство“ поради проблемите со кои се соочува веќе побарало државна помош. Еднаш веќе доби 600.000 евра од Владата на крајот од минатата година за полесно справување со последиците од пандемијата. 

Владата на седница на 4 декември утврди и текстот на Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Со оваа одлука ќе им се дадат пари за справување со енергетската криза, финансиска поддршка на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост погодени од кризата. Во субјектите кои ќе добијат помош се споменуваа и ЈП „Македонски шуми“, АД „Македонска пошта“ и АД „Еурокомпозит“.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи