09 Август, 2020
0.0193

Владата иницира нов закон за дивоградбите

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2019

Се иницира нов закон за решавање на правниот статус на дивоградбите.

На денешната редовна 166-та седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација за потребата од донесување на нов Закон за утврдување на правен статус на бесправни објекти, и го задолжи Министерството за транспорт и врски да достави Предлог на Закон за утврдување на правен статус на бесправни објекти до Владата на Република Северна Македонија, во рок од 15 дена од денот на усвојувањето на оваа информација.

„Се задолжува Министерството за транспорт и врски во Предлогот на Закон за утврдување на правен статус на бесправни објекти, како предмет на законот да ги опфати бесправните објекти кои ќе претставуваат градежна и функционална целина заклучно до 1 октомври 2019 година, како и бесправните објекти од јавен интерес утврден со закон чии иматели се државни органи или единици на локална самоуправа или правни субјекти основани од Република Северна Македонија односно од единиците на локална самоуправа, кои ќе претставуваат градежна целина, а не и функционална целина до денот на влегување во сила на законот. Од предлог законот треба да бидат иземени сите видови на бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство на Конвенцијата на УНЕСКО, утврдени со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион“, информираат од Владата. 

Во Предлогот на Закон за утврдување на правен статус на бесправни објекти треба да се утврди висината на надоместок за уредување на градежно земјиште, решение со кое од плаќање на надоместокот ќе бидат ослободени барателите кои се корисници на парична помош од социјална заштита, други јавни субјекти, како и верските објекти.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) ДРАМАТИЧНА ТЕПАЧКА ПРЕД ГРАДСКА БОЛНИЦА - причина е прегазено дете

(ФОТО) ДРАМАТИЧНА ТЕПАЧКА ПРЕД ГРАДСКА БОЛНИЦА - причина е прегазено дете

Д-р. Стојанов: И млади луѓе, спортисти, без коморбидитети, можат да завршат на респиратор, зошто - нема докази

Д-р. Стојанов: И млади луѓе, спортисти, без коморбидитети, можат да завршат на респиратор, зошто - нема докази

СЕ РАСТОВАРУВААТ СКОПСКИТЕ БОЛНИЦИ - помалку примени, повеќе оздравени од ковид-19

СЕ РАСТОВАРУВААТ СКОПСКИТЕ БОЛНИЦИ - помалку примени, повеќе оздравени од ковид-19

ДАЛИ ЗАПНАА НА ПРЕМИЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА - преговорите напредуваат, но не завршуват

ДАЛИ ЗАПНАА НА ПРЕМИЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА - преговорите напредуваат, но не завршуват

ВИЦЕ ЗАЕВ ЖЕСТОКО ДО ВМРО-ДПМНЕ - на суд ќе ги докажуваат подлите лаги за запалените автомобили

ВИЦЕ ЗАЕВ ЖЕСТОКО ДО ВМРО-ДПМНЕ - на суд ќе ги докажуваат подлите лаги за запалените автомобили

НЕ ТОЛКУ ЛОШ КОВИД БИЛАНС - 85 нови случаи на 1.188 тестирања

НЕ ТОЛКУ ЛОШ КОВИД БИЛАНС - 85 нови случаи на 1.188 тестирања

(ФОТО) ПРЕД УНИВЕРЗАЛНА САЛА СЕ СЕЧАТ ЕЛКИ СТАРИ 50 ГОДИНИ - која е причината

(ФОТО) ПРЕД УНИВЕРЗАЛНА САЛА СЕ СЕЧАТ ЕЛКИ СТАРИ 50 ГОДИНИ - која е причината

(КОМИЧНО ВИДЕО) ОПШТИНСКА НЕГРИЖА: Млад човек си посла крпа и си се избања во „Аеродромското езеро“

(КОМИЧНО ВИДЕО) ОПШТИНСКА НЕГРИЖА: Млад човек си посла крпа и си се избања во „Аеродромското езеро“

ТРИ ЛИЦА СЕ ИСЧЕЗНАТИ ВО САМО ДВА ДЕНА - полицијата трага по нив

ТРИ ЛИЦА СЕ ИСЧЕЗНАТИ ВО САМО ДВА ДЕНА - полицијата трага по нив