25 Април, 2024
0.0291

Владата ја ОДЗЕМА дозволата на Сардич за изградба на рудникот Казандол?

Објавено во: Македонија 14 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Рудникот „Казандол“ можеби ќе биде сопрен во фаза на изградба и постои голема можност целосно да не проработи, откако Владата донела заклучок да побара правни услови за раскинување на договорот со украинската компанија Сардич која е главен инвеститор во наоѓалиштето за бакар во валандовскиот крај. На вчерашната владина седница донесена е одлука да се провери дали се исполнети условите за раскинување на договорот за „Казандол“.

„На денешната 58 седница, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информација за степен на изграденост на рударскиот комплекс „Казандол“ и го задолжи Министерството за економија во рок од 7 дена да изготви информација за исполнетост на условите за раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „ Казандол “, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран, и за одземање на Дозволата за експлоатација на минерални суровини доделена на  20.7.2015 година“, соопштија од Владата.

Речиси сите граѓани од југоистокот на Македонија се кренаа против изградба на најавените рудници, како и давање на дозволи за геолошки истражувања и отворање на нови рудници со давање на концесии за експлоатација бидејќи со нив ќе се загади животната средина, ќе се загрози земјоделието од каде тие ги црпат главните приходи, а со употреба на опасни хемикалии како и со постојаните ископувања и активности на терен меѓу кои и минирања сериозно ќе се наруши квалитетот на живот.

Во Валандово се одржа последниот од неколкуте референдуми против изградба на рудникот Казандол и единствено во оваа општина не беше исполнет законскиот ценсзус иако гласовите на мнозинството беа против отворање на рудник во општината. Успешни референдуми имаше во Дојран, Гевгелија. 

Токму можноста за затворање на рудникот Казандол беше и предизборно ветување на новата владејачка партија СДСМ, па дури и лично премиерот при посетата на валандовскиот крај вети дека доколку не се исполнети условите и постојат грижи за загрозување на здравјето на граѓаните и животната средина, рудник нема да биде дозволено да се гради.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг