28 Март, 2024
0.0294

Владата ќе ги корегира мерките на Тевдовски за данокот на капиталните добивки

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Во Владата се размислува да се одложи одночувањето на капиталните добивки кое треба да стартува од следната година, најави вчера вицепремиерот Кочо Анѓушев. Оваа новина беше донесена со измени на Законот за личен доход уште лани кога беше воведен и прогресивниот персонален данок. Промените потекнаа од екс министерот за финансии Драган Тевдовски кој ги бранеше со тезата дека на таков начин се реалоцира богатството и се постигнува поголема еднаквост. 

Инаку Законот предвидува граѓаните да плаќаат данок од 15 отсто за диведендите, да плаќаат данок за заштедите кои ги чуваат во банка, ако каматите годишно надминат 15 илјади денари, за  каматите од хартиите од вредност, и данок на каматите од заемите.

„Сакаме да го стимулираме пазарот на капитал, сакаме да го стимулираме развојот на берзата. Доколку тоа е една од мерките коишто треба да се направат за да биде тоа стимулирано, секако ќе разговараме и за таа опција“, рече Кочо Анѓушев вицепремиер за економија.

Комисијата за хартии од вредност веќе поднела иницијатива до Владата и министеството за финансии за измени и дополнувања на Законот за личен доход, каде бараат одложена примена.


Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“