20 Април, 2024
0.0256

Владата ќе му дава 600 евра на германскиот експерт на Меркел за да го советува Ковачевски

Објавено во: Економија 13 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Јоханес Хајдекер, поранешен советник на долгогодишната германска канцеларка Ангела Меркел, ќе биде платен од Владата со 36.000 денари месечно откако се најде во скратената листа од 12 надворешни советници на македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Хајдекер е именуван за „надворешен советник - интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија“.

Владата ги објави хонорарите на надворешните соработни, иако за повеќето од нив приходите и претходно протекоа како медиумска информација, освен услугата што ќе ја наплаќа германскиот експерт.

Неговиот хонорар е ист како и повеќето од новата помала група на надворешни соработници на премиерот.

Инаку, тој стана надворешен советник за зајакнување на капацитетот на економскиот тим на премиерскиот кабинет во 2021 година, кога премиер беше Зоран Заев, а сега ќе продолжи и со Ковачевски.

Покрај него, Владата ќе прима совети од уште еден Германец – Валтер Дефа, кој е номиниран од Канцеларијата на германскиот канцелар. За разлика од Хајдекер, Дефа привремено доаѓа во земјава и не е на платен список на македонската Влада.

Ковачевски го намалува бројот на надворешни советници само на дузина, додека неговиот претходник Заев имаше над 50.                                                           А.К.




Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?