24 Април, 2024
0.0294

Владата на Заев до сега со три заеми, една еврообврзница и со огромен кредит на повидок

Објавено во: Финансии 18 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Александар Кузмановски

Законот со кој Македонија се задолжува кај Светска банка со заем во износ од 125.000.000 евра наменет за реализација на развојни политики за јавни финансии и конкурентност влезе во сила, со што Владата на премиерот Зоран Заев до сега има три кредити кај меѓународните кредитори и една еврообврзница.

Рокот за отплата на кредитот е 12 години, со вклучен грејс период од четири години. Заемот ќе се отплаќа на 16 полугодишни рати секоја во износ од 6,25 отсто од главнината. Средствата од кредитот се за потребите на Министерството за финансии. 

Претходно, во мај годинава Владата на Заев се задолжи кај Светска банка за 26.200.000 евра, наменет за реализација на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан. Корисници на средствата се Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија, Царинската управа и Јавното претпријатие за државни патишта. Во септември 2018 кај Светска банка беше добиен кредит од 28.7 милиони евра, наменет за реализација на финансирање на Проектот за унапредување на социјалните услуги, односно за потребите на Министерството за труд и социјална политика. 

Во октомври 2018 кај Европската банка за развој владеачката коалиција го поништи договор за заем за финансирање на Проектот за изградба и модернизација на клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје од 2015, додека остана само делот за Регионалната клиничка болница во Штип. Така сумата од 97 милиони евра се намали на 26.937.458. За изградба на новиот клинички центар во општина Ѓорче Петров се најавува кредит од 500 милиони евра од банкарски конзорциум кој го сочинуваат три банки, Erste group, Raifaisen bank и UniCredit, но колку е каматата, за колку години ќе треба да го вратиме и колку вкупно пари ќе се вратат, се уште не е дефинирано.

Во јануари 2018 со задолжување преку издавање државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал се издаде еврообврзницата за буџетска поддршка и за рефинансирање на обврските за отплата на државниот долг во висина од половина милијарда евра и со рок на доспевање од 10 години. Дел од истата еврообврзница беше предвиден за потенцијално откупување на дел од еврообврзницата во износ од 270.000.000 евра која инаку доспеваше во декември 2020 година а беше издадена во 2016. 

Во 2017 државата немаше кредитни кативности кај меѓународните, односно странските финансиери. Претходно, изминатите години доминираа кредитирањата за наводнување на јужната долина, за автопатот Смоквица - Демир Капија, за општинските услуги, гасификацијата, за делниците Куманово - Бељаковце и Бељаковце - Крива Паланка, односно за пругата на коридорот 8, итн. Кај еврообврзниците, имаше уште четири - 2005, 2009, 2014 и 2016-та.

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо