14 Ноември, 2024
0.0260

Владата најави нова инвестиција и 250 вработувања

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Вкупна инвестиција од 250 милиони евра за четири години и 250 нови вработувања само во првата фаза предвидува договорот за концесија за експлоатација на бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол што денеска го потпишаа министерот за економија Беким Незири и менаџерите на компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ – Скопје.

Согласно договорот, најпрво ќе се гради фабрика за катоден бакар со капацитет од 4.000 тони годишно, а геолошките истражувања продолжуваат на уште два локалитета каде се планира изградба и на објекти за финални производи.

- Владата продолжува со активностите за привлекување странски инвестиции кои имаат позитивен ефект врз растот и развојот на економијата. Компанијата САРДИЧ со англиско-украински капитал во првата фаза од проектот ќе вложи 25 милиони евра и ќе вработи 250 лица, но плановите не застануваат тука, рече министерот Незири пред потпишувањето на договорот.

Како што информира извршниот управител на компанијата Генадиј Сичов, изградбата на фабриката почнува во мај, а производството треба да стартува најдоцна до крајот на годинава.

- Експлоатацијата на бакарната руда ќе се врши со најсовремена технологија, според сите еколошки стандарди, без какви било влијанија на животната средина, напомена Сичов.

Бакарните катоди ќе бидат наменети за македонскиот пазар, но дел и ќе се извезува. Се очекува приливот на средства во државата да изнесува околу два милиона евра.

Во подготвителните активности за целиот процес САРДИЧ досега вложи пет милиони евра.

Компанијата во јануари минатата година по електронското наддавање го доби тендерот за детални геолошки истражувања во рудните наоѓалишта Казандол, Плавуш и Петрошница. Истражувањата завршија во рекордно време и беа изготвени потребните елаборати. Новиот капацитет на САРДИЧ ќе користи напредна, веќе разработена технологија за извлекување бакар. Станува збор за специфичен процес во затворен циклус на извлекување и преработка со електролиза без испуштање какви било гасови, течности или тврди отпадоци во околината.

Можеби ќе ве интересира

BOOKING НАЈАВИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ: Што значи тоа за вработените и корисниците

BOOKING НАЈАВИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ: Што значи тоа за вработените и корисниците

ТУРЦИЈА Е НА ПОТЕГ: Доби понуда да биде партнер на БРИКС

ТУРЦИЈА Е НА ПОТЕГ: Доби понуда да биде партнер на БРИКС

ПОЗНАТА ИНВЕСТИЦИСКА ФИРМА ГИ ИЗМАМИЛА ОСИГУРЕНИЦИТЕ ЗА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Основачот ги трошел парите за личен луксуз

ПОЗНАТА ИНВЕСТИЦИСКА ФИРМА ГИ ИЗМАМИЛА ОСИГУРЕНИЦИТЕ ЗА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Основачот ги трошел парите за личен луксуз

Средба Божиновска - Балуку: Интерконекторот меѓу двете земји, приоритет за поврзување на регионалната енергетска мрежа

Средба Божиновска - Балуку: Интерконекторот меѓу двете земји, приоритет за поврзување на регионалната енергетска мрежа

Фирма од Дубаи стана сопственик на хотел од строгиот центар на Скопје

Фирма од Дубаи стана сопственик на хотел од строгиот центар на Скопје

ДВОЈНО СЕ ЗГОЛЕМУВА МИНИМАЛЕЦОТ ВО БиХ: Ќе изнесува над 600 евра

ДВОЈНО СЕ ЗГОЛЕМУВА МИНИМАЛЕЦОТ ВО БиХ: Ќе изнесува над 600 евра

Муртезани стави потпис: Пристигнуваат 52 милиони евра од ЕУ

Муртезани стави потпис: Пристигнуваат 52 милиони евра од ЕУ

„НАСТЕЛ“ НА АЗМАНОВ ПРОДАДЕ 26, БРАЌАТА ПЕЦОВСКИ КУПИЈА ОСУМ АКЦИИ - еве какви сопственички промени се случија во „Реплек“

„НАСТЕЛ“ НА АЗМАНОВ ПРОДАДЕ 26, БРАЌАТА ПЕЦОВСКИ КУПИЈА ОСУМ АКЦИИ - еве какви сопственички промени се случија во „Реплек“

ПОЧИНА МИОДРАГ КОСТИЌ: УГЛЕДЕН БИЗНИСМЕН, ОСНОВАЧ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА „МК ГРУП“ - замина во 65 година, ќе се памети по големата општествена одговорност

ПОЧИНА МИОДРАГ КОСТИЌ: УГЛЕДЕН БИЗНИСМЕН, ОСНОВАЧ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА „МК ГРУП“ - замина во 65 година, ќе се памети по големата општествена одговорност