24 Април, 2024
0.0277

Владата нареди секое министерство и управен орган до февруари да даде придонес

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Македонската влада им даде инструкции на министерствата и другите управни органи да направат програма и истата да ја реализираат со сопствени ресурси со цел да придонесат за почист воздух оваа зима за кога се очекува да има уште поголемо загадување на воздухот.

Ова било решено на 109-тата седница во петокот и било укажано секој извршен орган во текот на декември да организира акција со која што ќе придонесат во борбата против аерозагадувањето, како и за заштита на животната средина. Откако ќе се оцени ефектот од остварените резултати од декемвриската еко-акција, во февруари следната година повторно ќе бидат упатени вакви задолжувања и препораки, за пролетниот период.

Задолжените институции ваквите еколошки акции треба да ги спроведат во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање, со локалните самоуправи, како и со граѓанските организации, и за тоа да ја информираат јавноста соодветно.

Препорака за вакви еко акции Владата упати до единиците на локалната самоуправа, додека на јавните претпријатија, правните лица со јавни овластувања и на акционерските друштва во државна сопственост, Владата им укажа да реализираат активности со коишто ќе придонесат кон намалување на загадувањето на воздухот.

Според Владата, ова ќе претставува дополнителна поддршка во спроведувањето на мерките предвидени со програмата за чист воздух.


Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција