25 Април, 2024
1.2510

Владата нуди 9 милиони евра за спасувања со хеликоптер за медицинска помош

Објавено во: Финансии 04 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Владата го објави јавниот повик со кој бара ортак кој со хеликоптер за медицинска помош ќе им се наоѓа на граѓаните на Македонија во итни ситуации, а за договорот нуди девет милиони евра.

Во огласот објавен во Службен весник се бара приватен оператор за воспоставување јавно-приватно партнерство за „формирање модерна современа организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерски итен медицински систем (ХЕМС) и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување (САР).

Договорот ќе се однесува за целата територија на Македонија, а повикот ќе важи до почетокот на октомври, при што приватниот партнер ќе мора да ги почитува начелата на заштита на конкурентноста и во секое време да има пристап до 100.000 евра 

- Подобрување на животниот стандард и безбедност нa граѓаните на Република Северна Македонија и сите нејзини посетители, намалување на смртноста на лицата кои се жртви на несреќи, подобрени клинички резултати за сериозно повредените, намалено време на транспорт до болница, лекување од страна на специјализирана медицинска екипа на самото место, подобрена достапност на здравствените услуги на високо ниво до поголем дел од населението, ги набројува предностите Владата за овој проект.

Од друга страна пак, приватниот партнер ќе и плаќа на Владата за логистиката, а ќе се избере оној кој ќе даде економски најповолна понуда, при што на аукцијата ќе мора да понуди најмалку 10.000 евра годишно за „инфраструктурата“ од државата а ќе победи оној кој ќе понуди најмногу.

Ваквиот проект Владата го најави пред три месеци, а пред три недели генералниот секретар на опозициското ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, наведе дека има информации дека се подготвува коруптивна набавка на хеликоптер за медицински цели во висина од 72 милиони евра.

Од „Илинденска“ истото го демантираа, со образложение дека се работи за хеликоптерски итни медицински услуги по примерот на развиените западно-европски земји кои граѓаните би ги користеле бесплатно.

„ По истекот на договорот, целокупната опрема заедно со воздухопловите остануваат во сопственост и владение на Република Северна Македонија. Се градат капацитети за слетување/полетување, хелиодроми, во повеќе градови во Република Северна Македонија. За целото времетраење на договорот, приватниот партнер на годишно ниво, ќе плаќа надоместок на Република Северна Македонија. На овој начин, со воспоставувањето на ова јавно-приватно партнерство, Република Северна Македонија и граѓаните добиваат придобивки кои нема да ги чинат ништо“, гласеше одговорот од таму.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка