24 Април, 2024
0.0267

Владата подготвува нов пакет економски мерки

Објавено во: Економија 28 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Економскиот совет при Владата денеска одржа состанок на кој беше разгледан дополнителниот пакет мерки за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од блокадата на реалниот сектор што го предизвика корона вирусот.

Економскиот совет работи на иницијатива на премиерот Оливер Спасовски и ова е втор состанок на ова советодавно тело.

Како што соопшти владината прес- служба, на состанокот учествуваа и вицепремиерот за европски прашања и за координација на меѓународната помош, Бујар Османи, министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, техничката заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, како и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Членовите на економскиот совет, со претставници од стопанството и финансискиот сектор од корона вирусот, во кое учествуваат претставници на МАНУ, на претставници на универзитетските заедници, на деловната заедница, како и претставници на стопанските комори и на опозицијата, на состанокот ги дадоа своите мислења и понудија дополнителни укажувања, насоките и препораки, како и нови предлози за да се креира ефикасен пакет за да се спречи драматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор, како и врз стандардот на граѓаните.

Премиерот Спасовски на крајот од состанокот се заблагодари за укажувањата, препораките и новите предлози, и истакна дека Владата останува отворена и за дополнителни укажувања до затворањето на пакетот економски мерки кои ќе бидат донесени на една од првите наредни седници, се вели во соопштението до медиумите.


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска