29 Март, 2024
0.0877

Владата повторно инјектира милионски суми во државната компанија НЕР

Објавено во: Економија 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Владата повторно инјектира пари во државната компанија Национални енергетски ресури (НЕР). Комисијата за хартии од вредност за последната седница ја одобри деветта емисија на акции, со која НЕР АД Скопје ќе издаде 22.692 обични акции со номинална вредност од 100 евра по акција и вкупен номинален износ од 2.269.200 евра.

И оваа милионска сума се прибира по пат на приватна понуда односно е за познат купувач - Владата. Таа е практично постојниот единствен акционер. Друштвото издава хартии од вредност заради зголемување на основната главнина, односно заради создавање услови за непречено функционирање во услови кога НЕР нема други приходи.

На последната осма емисија која беше во февруари годинава Владата вложи во оваа компанија 162.000 евра.

Во меѓувреме Владата односно НЕР со години не успеава да го изгради националниот гасовод, а ниту пак секундарната и терцијарната мрежа до домаќинствата.

Фирмата е одговорна за изградбата на гасоводот и ако не земе пари од државата ќе треба да се задолжи со кредит или да позајми од други државни институции. 

Нема информации за што точно се овие пари. Инаку НЕР досега го изгради магистралниот гасовод од кумановско Клечовце до Штип кој всушност беше компензиран со руски фирми за стар клириншки долг, но по таа траса се уште нема гас и покрај тоа што поминаа години по изградбата. 

деновиве повторно стаса најава дека оваа година ќе заврши изградба на магистралните гасоводи од Скопје до Гостивар и од Неготино до Битола со што ќе се поврземе на преносниот систем на гас. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изјави дека следат нови проекти за интерконекциско поврзување со Грција, Косово и Србија

Моментно се гради магистралниот гасовод Скопје-Тетово Гостивар  која чини 29 милиони евра, а до сега изградени се околу 80 проценти од трасата или заварени се 53 километри цевки од вкупно 86 километри колку што изнесува вкупната должина на овој проект.  

„Ги користиме сите технички и човечки ресурси за да може што поскоро да ги завршиме започнатите магистрални делници а воедно да отпочнеме и нови проекти за гасификација на цела територија на државата. Значењето на гасот е силно потенцирано и од граѓаните и од бизнис секторот и затоа ги охрабрувам, ние цврсто стоиме на нашите определби гасот да го доведеме до сите корисниици. Очекувам оваа делница да биде завршена годинава,  имаме чист терен за работа а изградбата се одвива со добра динамика. Исто така и магистралниот гасовод од Неготино до Битола е во завршна фаза и тој ќе биде оперативн оваа година. Во однос на новите проекти, за оваа година планираме да отпочнеме постaпки за изгрaдба на делницата од Неготино до Гевгелија и да се поврземе со конкеторот со Грција, а веќе слeдната да отпочнеме со два нови магистрални делници од Велес до Свети Николе и од Гостивар до Кичево”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски. 

Директорот на Национални Енергетски Ресурси, Бајрам Реџепи истакна дека со завршување на овој проект оваа година, цел Полошки регион и западниот дел од Скопје ќе имаат пристап до преносниот систем на гас.

Оваа година треба да почне да се прави и постапка за изградба на интеконекторот со Грција, а се завршува со физибилити студија за поврзување со интеконекторот со Косово. 

Сепак слични најави имаше и претходно.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“