26 Април, 2024
0.0292

Владата прифати дури 20 амандмани од опозицијата за антикорупцијата

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Собраниската седница за приоритетно изгласување на Законот за Антокорупциска по жолчните расправии помеѓу власта и опозицијата не беше изгласан вчера, но се очекува тоа да се случи денеска. Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за 16 часот. 

Вчерашниот ден заврши со приближување на ставовите на двете страни откако владеачкото парламентарно мнозинство прифати дури 20 амандмани од вкупно 40 поднесени од опозицијата.

Од парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ најмногу реагираа на тоа дека тој се носи по скратена постапка, а министерката за правда Рената Дескоска им одговори дека тие така се однесуваат затоа што не им одговара носењето на овој закон, алудирајќи на тоа дека новиот состав на Антикорупциска ќе има право да упаѓа во личните банкарски сметки.

На ова реагираше и кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој рече оти тие сакаат да учествуваат во оваа расправа и несериозни се ваквите обвиненија. Меѓу забелешките кои ги имаа се и оние кои се однесуваат на бројот на членови на комисијата, односно да не биде поголем од 5-мина, наместо предвидените 7.

„Крајно време е да прекинат блокадите и деструкциите и партиските интереси да се стават настрана. Време е Македонија да добие вистински силна и целосно независна Држава за спечување на корупција.“  рече Јован Митревски од СДСМ. 



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот