23 Април, 2024
0.0523

ВЛАДАТА РЕШИ ДА ГО ПОДОБРУВА ОБРАЗОВАНИЕТО - ќе се формираат регионални центри за обука

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Владата ќе го подобрува образовниот систем преку формирање на регионални центри за стручно образование и обука.

Таа планира да го измени Законот за стручно образование и наука, а таквите намери веќе се објавени и на националната платформа ЕНЕР. Со измените ќе се даде законски основ за основање и работење на регионалните центри, кои треба да помогнат во реформата на средното стручно образование.

Законските измени ќе треба да ги подготви Министерството за образование и наука, до крајот на овој месец.

„Се овој закон се дава законски основ за основање и работење на регионални центри за стручно образование и обука. Регионалните центри за стручно образование и обука ќе обезбедат поддршка на реформата на средното стручно образование согласно образовните политики со националните економски политики, како политиката за рамномерен регионален развој, индустриската политика, процесот на подготовка на националната и регионалните стратегии за паметна специјализација и други релевантни национални активности, како дел од заложбите на Владата преку воведување на регионални центри за стручно образование и обука“, се вели во краткиот опис што го дава Владата.

За да се поддржи воведувањето на регионалните центри, предвидени се и средства преку ИПА 2, но засега не се наведени детали колку тие ќе изнесуваат.

„Во рамки на секторската координација за ИПА2 приоритетите за 2019, моделитетот на Секторска Буџетска поддрша, предвидени се финансиски средства за поддршка на воведување на регионални центри за стручно образование и обука. Со цел овозможување на користење на финансиските средства потребен е правен остов за воспоставување на истите“, се вели во образложението.

Образовниот систем во земјава често е цел на критики, особено од бизнис секторот, кој постојано се жали дека кадрите кои произлегуваат од нашето средно образование, не соодветствуваат на потребите на пазарот на трудот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП