28 Март, 2024
0.0255

Владата се закани – железничарите да се вратат на работа, ако ги сакаат заостанатите плати

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Владата им се закани на железничарите порачувајќи им да се вратат на работа, доколку сакаат да ги добијат зостанатите плати. Во спротивно, им се посочува дека нема да може да префрлаат пари од буџетот на државата во касата на Железницата, а со тоа ќе биде доведена во прашање и исплатата на платите за сите вработени.

Со ваков писмен став се огласија од Министерството за транспорт и врски, откако на владина седница било одлучено Железницата да добие дополнителни 1,1 милиони евра на годишно ниво од буџетот на државата. Но, за тоа да се случи железнирачите ќе мора да бидат на работа.  

„Според законските прописи во Македонија, овие дополнителни средства ќе може да се исплатат ако вработените за извршената работа приложат соодветна документација за направените трошоци за да може исплатените средства да се оправдаат во буџетот на Република Македонија, се наведува во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Во писмениот допис од Министерството за транспорт и врски , дополнително се укажува и дека, нема да може да има никаква државна помош, ако блокадата на сообраќајот продолжи, а со тоа ќе биде доведена во прашање и исплатата на платата за сите вработени.

„Ќе продолжиме со исплата на средства на име трансфери и субвенции кон Железница, но само во рамки на законските прописи и под услови за кои вработените мора да ги извршуваат работните обрвски кон претрпијатието. Во случај на продолжување на протестот на дел од вработените, ќе се доведе во прашање исплатата на плати за сите вработени во Железницата, а со тоа и на целокупното работење на претпријатието и само на штета на претпријатието“, се наведува во писмениот допис од Министерството за транспорт и врски.

По ваквите предупредувања, владата упати и апел до менаџерскиот тим и синдикалните организации да изнајдат решение во најбрз можен рок за да се овозможи нормално фукционирање на претпријатието.

Железничарите веќе шест дена го блокираат сообраќајот. Одбиваат да работат поради неисплатени плати. Менаџментот им ветуваше дека ќе исплаќа дел по дел, но тие бараат да се исплати во целост јануарската плата за да почнат со работа.  Во континуитет, железзничарите за да си ги добијат заостанатите плати или се закануваат со блокади на собраќајот или пак како сега запираат со работа.

Проблемот во железницата се провлекува со години нананзад,  а двете железнички претпријатија со години тонат во загуби кои достигнуваат милионски суми. Иако, се најавуваше либерализација во железничкиот сообраќај, сепак Владата пред неколку години одлучи дека тоа ќе се случи дури по влезот на земјата во Европската Унија.

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат