26 Април, 2024
0.0368

Владата уште се „дума“ за автомобилите

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Владата уште е на два огна, која мерка да ја преземе за да ја намали загаденоста, но и да им помогне на граѓаните да дојдат до понов автомобил. Дали да се намали данокот на додадена вредност за увоз на нови и на половни возила од 18 на 5 отсто, што би траело шест месеци или една година, или, пак, да воведе субвенции од максимум три илјади евра за оние што ќе набават возила со Еуро 5 и Еуро 6 еколошките стандарди, се уште нема одлука меѓу економските министри. 

Било која и мерка да се преземе, објаснуваат од министерствата, тоа сигурно нема да се направи пред стартот на идната година. Дотогаш ќе се прават анализите кој концепт би можел да биде подобар. Ангажирани се и работни групи кои допрва ќе ги прават проценките и ќе ги мерат аргументите во прилог на едната или на другата опција.

Од Министерството за економија, од каде првично произлезе идејата за субвенционирање на возилата, за која се крена голема прашина во јавноста, велат дека уште не е прецизиран конечниот модел што ќе биде од најдобар интерес на граѓаните.

„Во моментов се прават анализи. Работната група за изготвување на оваа мерка се состои од претставници од Министерството за финансии, Царинската управа и Министерството за економија. Откако ќе биде изгласан Ребалансот на Буџетот во Собранието, ќе почне со работа Работната група која има рок од 30 дена да ја изготви конечната анализа за тоа кој модел ќе биде најефикасен и во интерес на поголема група на граѓани“, велат од Министерството за економија.

И чуварите на државната каса, Министерството за финансии, прават мерења на фискалните ефекти на можните мерки. 

„Како Влада сме свесни за предизвиците со загадувањето и активно размислуваме за соодветни, издржани и оддржливи мерки. Се разгледуваат опции како да се адресира овој проблем во интерес на граѓаните. Сепак треба да дозволиме да завршат консултациите и да се преточат во конкретна предлог-форма, за да може да се разговара за конкретна проценка на фискалните ефекти и секако, да се слушне и мислењето на експертската јавност“, велат за Фактор од Министерството за финансии. 

Неодамна од Владата најавија дека доколку се оди на мерката намалување на ДДВ, тогаш ќе се напушти варијантата за субвенционирање на возилата. Во прилог на првиот модел одеше фактот што субвенциите би можеле да ги искористат само дел од граѓаните, кои ќе го заменат стариот за нив автомобил, а со намалувањето на ДДВ-то мерката ќе биде подостапна за сите граѓани. 

А од плацевите каде се продаваат половни автомобили, најавија дека возила за кои би можеле да се добијат субвенции, можат да се најдат и за суми од 4.500 евра, па нагоре. Оваа мерка, како што беше замислена, предвидуваше сопственикот на старото возило да мора прво да го однесе на отпад и да приложи доказ за тоа, па потоа да аплицира за субвенции за купување на новото.

А во меѓувреме настапија и пониски температури на воздухот, со што вообичаено, доаѓа и поголемото загадување, кое е најголемиот проблем на земјава во зимските месеци.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија