Владата во Италија падна, земјата влегува во политичка криза
Објавено во: Свет 20 Август, 2019
Падна италијанската Влада, а премиерот Џузепе Конте си поднесе оставка.
Тој денеска пред италијанскиот Сенат поднесе оставка, откако десничарската Лига, на чие чело е министерот за внатрешни работи Матео Салвини, одлучи да ѝ ја ускрати поддршката на Владата. Конте го спречи гласањето за доверба на Владата.
Конте изјави дека одлуката на Салвини „има големи последици за земјата и за нејзината економија“.
Оставката на Конте нема автоматски да предизвика предвремени парламентарни избори. Претседателот Серџо Матарела може да побара од него да се обиде да формира друго мнозинство во парламентот или да најде некој друг лидер кој би можел да формира нова владејачка коалиција, без распишување избори.
Доколку нема нова коалиција, Матарела ќе го распушти Парламентот и да распише избори, кои најрано може да се одржат во октомври.
Партијата Лига на Салвини бара предвремени избори, а тоа го поддржуваат и партијата Напред Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони и крајно десничарската партија Браќа на Италија.
Италија има економски проблеми, таа мора да ги намали своите долгови и да ги санира банките.