Владата во Софија одобри меморандум за соработка меѓу Maкедонското и бугарското Министерство за земјоделство
Објавено во: Македонија 28 Јули, 2021
Со источниот сосед ќе соработуваме во земјоделскиот сектор. Maкедонското и бугарското Министерство за земјоделство ќе соработуваат и ова е потврдено од Владата во Софија.
Бугарската техничка Влада го одобри меморандумот за соработка. Документот е основа за размена на научни и технички информации, пренесување на експертиза, споделување на добри практики и развој и имплементација на заеднички истражувачки програми, јави дописникот на МИА од Софија. Двете земји ќе соработуваат во органското производство и преработката на органски земјоделски производи, биотехнологии во растително и добиточно производство, селекција и размножување во сточарствотото, и прекугранична соработка во руралните области. Со Договорот за добрососедство кој Македонија и Бугарија го потпишаа беше предвидена соработка на повеќе полиња. Сепак, односите меѓу двете земји се заладени поради историски спорови.