Владата во војна со лажни вести, Заев го заштитил телефонот
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2019
Борба против дезинформациите и ширењето лажни вести најави премиерот Зоран Заев денеска промовирајќи го предлог Акцискиот план за справување со дезинформациите. Рече дека ова се прави затоа што државата во повеќе наврати се соочила со масовно ширење на вакви информации, а дека како одговор на сајбер заканите Владата ќе се обиде да ја зајакне безбедноста и сигурноста.
Премиерот веќе го сменил телефонот и бројот а за него има дополнителен безбедносен протокол. Ќе се надградуваат и безбедносните протоколи и за сите институции. Акцискиот план во следниот период ќе биде ставен на јавна дискусија.
„Дезинформациите се еден од главните предизвици за демократијата во 2019 година и алатка за манипулација со граѓаните. Злоупотребата на технологијата за креирање лажни ентитети и непостоечки измислени случувања станаа сериозен упад во демократските и изборните процеси и сериозно се закануваат да влијаат на довербата на граѓаните во институциите и медиумите, изјави Заев.
Рече дека целта е да има правилен систем и дека сака да има медиуми додкои ќе биде тргната раката на политиката. Според него лажните вести можат да уништат семејство, држава и многу е важно да се бориме против нив.