17 Ноември, 2025
0.0564

Владејачкото мнозинство преку Уставен суд ја забранува партијата на Сакашвили во Грузија

Објавено во: Свет 04 Ноември, 2025 12:58

Добивај вести на Viber

Уставниот суд на Грузија прими барања за забрана на опозициската партија Обединето национално движење, формирана од поранешниот грузиски претседател Михаил Сакашвили, како и на уште две опозициски партии.

Барањето е доставено од 88 пратеници на владејачката партија Грузиски сон – Демократска Грузија.

Согласно законот, Уставниот суд има рок од девет месеци да го разгледа барањето и да донесе одлука.

Премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе изјави дека тужбата е заснована на наодите на Парламентарната истражна комисија, која утврдила дека партијата Обединето национално движење од 2004 до 2012 година извршила бројни и систематски кршења на човековите права.

- Забраната на оваа партија, која е симбол на насилство и беззаконие од тој период, би бил чекор кон расчистување на политичкиот простор и стабилизирање на грузиското општество, посочи Кобахиѕе.

Сакашвили, кој е во затвор, повеќе пати тврдеше дека е цел на политички прогон, а актуелната Влада се обидува да ја елиминира опозицијата пред претстојните избори.


Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Трамп најави нови санкции за земјите што соработуваат со Русија

ВИДЕО: Трамп најави нови санкции за земјите што соработуваат со Русија

„НЕМАМЕ ШТО ДА КРИЕМЕ“: Трамп ги повика републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн

„НЕМАМЕ ШТО ДА КРИЕМЕ“: Трамп ги повика републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн

АЛБАНИЈА ГО ОТВАРА ПОСЛЕДНИОТ КЛАСТЕР ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ: Преговорите ги почна заедно со Македонија

АЛБАНИЈА ГО ОТВАРА ПОСЛЕДНИОТ КЛАСТЕР ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ: Преговорите ги почна заедно со Македонија

Полнеле вреќи со пари и правеле златни тоалети - Украина сред најголемиот корупциски скандал од почетокот на војната

Полнеле вреќи со пари и правеле златни тоалети - Украина сред најголемиот корупциски скандал од почетокот на војната

САД уништи уште еден брод и погуби четири „нарко-терористи“

САД уништи уште еден брод и погуби четири „нарко-терористи“

(ВИДЕО) АВТОБУС УДРИ ВО АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО СТОКХОЛМ: Има жртви и повредени

(ВИДЕО) АВТОБУС УДРИ ВО АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО СТОКХОЛМ: Има жртви и повредени

„ОВАА МИСИЈА ЈА БРАНИ НАШАТА ТАТКОВИНА, ГИ ОТСТРАНУВА НАРКОТЕРОРИСТИТЕ“: Хегсет за операцијата „Јужно копје“

„ОВАА МИСИЈА ЈА БРАНИ НАШАТА ТАТКОВИНА, ГИ ОТСТРАНУВА НАРКОТЕРОРИСТИТЕ“: Хегсет за операцијата „Јужно копје“

Робот во Унгарија изградил куќа од 100 квадратни метри за три дена: Заменува група од пет ѕидари

Робот во Унгарија изградил куќа од 100 квадратни метри за три дена: Заменува група од пет ѕидари

Зеленски: Никој не ги тера да умираат за урнатини, ќе ги поддржам нашите војници, особено командантите

Зеленски: Никој не ги тера да умираат за урнатини, ќе ги поддржам нашите војници, особено командантите