29 Март, 2024
0.0278

Владимир Хари Крстевски: Секој да преземе одговорност за ѓубрето што се фрла на Водно

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Водно е едно од главните прибежишта во Скопје кое е лесно достапно како за планинари, рекреативци и спортисти така и за голем број на граѓани кои сакаат да избегаат од загадувањето. Сепак, мора да се внимава на природата бидејќи се поголемиот број на посетители значи и зголемен ризик од несовесно поведение, од зголемена количина на фрлено ѓубре и загрозување на животната средина. Здружението Explore The Mountains оваа недела го посвети денот на планинарска акција за чистење на патеките од ѓубре искачувајќи се до крстот на самиот врв. Со Владимир Хари Крстевски поразговаравме за одговорноста која треба да ја преземат сите посетители бидејќи како што вели тој не треба некој да очекува дека после нив некој ќе чисти.

Како се одвиваше вчерашната акција за чистење на патеките на Водно и со што се соочивте на терен?

Владимир Хари КрстевскиЗдружението Explore The Mountains одлучи овој ден (недела 19.01.2020) да го посвети на чистење на патеките на Водно. Акцијата започна со чистење на планинарската патека што води до средно Водно од полициската станица Водно. Потоа следуваше чистење околу паркингот, клупите и останатите реквизити на средно Водно. На крај поради замрзнтите патеки што водат кон врвот на Водно, волонтерите одлучија да ја исчистат трим патеката кој води до локалитетот Марково Крувче како и самиот локалитет, каде всушност се собра најголема количина на ѓубре направено од несовесните граѓани.

Како подобро да се грижиме за природата, особено за планини како Водно?

Владимир Хари КрстевскиПланината Водно се повеќе и повеќе се комерцијализира. Многу здруженија организираат забави, настани, журки, така што самата таа експонираност на планината доведува до се повеќе и повеќе загадувања од човечки фактори. Затоа е потребно сите организации да се фокусираат на што е можно повеќе вакви акции. На крајот од денот совеста, етиката и здравиот разум на човекот е едниствениот спас за чистотата на Водно. Се додека планинарските патеки ги третираме како улица, каде што мислиме дека можеме да фрламе отпадоци и некој ќе дојде да зачисти по нас, покажуваме дека немаме еколошка свест, особено на планините.

Дали оваа акција ќе продолжи во иднина и очекувате ли поголема вклученост и на останати заинтересирани?

Владимир Хари КрстевскиВакви акции се прават многу често од нашето здружение, но овој пат одлучивме да биде јавна, се со цел за да видиме колкав ќе биде одзивот кај планинарите кои најмногу одат на Водно. За жал бевме само шест души, но тоа не не обесхрабрува, напротив не прави посилни за продолжиме да ги чуваме сите планини. Да се стопи снегот па планираме подетално да му се посветиме на Водно, а воедно и на другите планини.

Х.С. 

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница