Владимир Рендевски: Не се согласувам со мојот министер за пензионирањето на докторите
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2022
Владимир Рендевски, заменик-министерот за здравство, на собраниската говорница како одговор на пратеничко прашање рече дека не се согласува со практиката неговиот надреден министер предвремено да ги пензионира докторите, иако законски тие можат да работат до 67 години.
„Не се согласувам со постапката на мојот министер и ова го кажувам пред сите членови на Владата. Се јавува здравтсвен егзодус и просечната старост е 55-56 години. Овде се обраќам до сите пратеници, сметам дека тој член на толкување, како работи еден работник си го знае самиот директор. Тоа толкување од министерот е неприфатливо.
Во иднина останување или неостанување на здравствен работник да биде по одлука на самиот директор, бидејќи тој знае дали некој здравствен работник може да работи уште или не. Многу се тешко остварливи вработувањата, се бараат дури четири потписи. И до министерот за правда и до сите експерти, повикувам да пронајдеме и поадекватен начин да ги задрќжиме оние на работа и да бараме нови вработувања“, рече поранешниот директор на Универзитетската клиника за неврохирургија.
Летоска синдикатот објави дека околу 100 лекари и друг медицински персонал во Клиничкиот центар кои ја достигнаа возраста за пензионирање, завршуваат со работа и покрај нивното барање да продолжат уште три години.
Од Министерството за здравство рекоа дека работата по пензионирањето за дел од нив не може да продолжи бидејќи не го исполниле бројот на интервенции и не биле ефикасни при медицинските третмани. Министерот Беким Сали рече дека така сега се отвора можност за вработување на млади лекари.
Од Синдикатот обвинија дека им се прекршуваат законските права, повикувајќи се на Законот за работни односи и Законот за здравствена заштита и најавуваат тужби. Од Синдикатот на Клинички обвинуваат дека некои директори на клиниките направиле селективни списоци, а се праќаат во пензија кадри и покрај тоа што има недостиг од медицински кадар.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

„ОПАСНА ГЛУПОСТ НА НЕКОЈ ШЕГАЏИЈА ВО СТРУКТУРИТЕ НА МОЌ “ - Захарова вака ја коментира забраната рускиот авион да прелета преку бугарскиот воздушен простор

МАКЕДОНИЈА СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА НАТО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЗРЕЛИ ПОЛИТИКИ И МУДРИ ЛИДЕРСКИ ОДЛУКИ: Еве што се зборуваше на средбата меѓу Ковачевски и О’Брајан

ЦРВЕН ТЕПИХ ПРЕД „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“: Еве како Османи ги пречекува гостите

ФАТАЛЕН ПОЖАР СО ЖРТВА, ЗАПАЛЕНИ ВОЗИЛА, ОПАСНИ ШТЕТИ ОД СИЛЕН ВЕТЕР, ПОПЛАВЕНИ ПРОСТОРИИ...Еве што регистрирал телефеонот на ЦУК

БУГАРИЈА НЕМАЛА БИЛАТЕРАЛЕН ПРОБЛЕМ СО МАКЕДОНИЈА: Требале да се исполнат европските вредности

БУГАРИЈА СЕПАК НЕ ГО ПУШТИ АВИОНОТ НА ЛАВРОВ: Причината е Захарова

ДЕЦАТА ТРЕБА ДА СЕ УЧАТ НА САМОСТОЈНОСТ: Каде грешат родителите?
