Владина одлука: Пет милиони евра кредити за уште 476 компании
Објавено во: Финансии 14 Јуни, 2020
Владата на синоќешната седница ја усвои информацијата на Развојната банка на Северна Македонија за барањата кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик број 1. за кредити од кредитната линија од Компензационите фондови од странска помош со цел намалување на последиците од коронавирусот.
Ја задолжи банката да склучи договори за кредит со кредитобарателите кои ги исполнуваат критериумите во Јавниот повик број.1, претходно наведени во третиот и четвртиот доставен список, односно со 476 компании со барања за поддршка во висина од 316.038.500 денари.
„Во врска со овие информации на Развојната банка на Северна Македонија, Владата донесе заклучок да се разгледаат можностите за обезбедување дополнителни средства заради големиот интерес од компаниите за овие мерки за намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19“, додаваат од Владата.