ВЛАДИНА РЕКОНСТРУКЦИЈА: Кои министри ќе бидат сменети би требало да дознаеме денес
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2019
Најверојатно во текот на денов до Собрание ќе бидат доставени имињата на новите министри.
Владината реконструкција ќе опфати смена на 8 министри а засега извесно е само името на министерот за земјодлеие Љупчо Николовски.
Согласно најавите на премиерот Заев предлогот кој ќе го достави до Парламентот би требало да биде усвоен наредната недела.
По смената на министрите, реконструкцијата во Владата ќе продолжи со смена на директори на јавни претпријатија а според премиерот промените се неопходни.