20 Април, 2024
0.0962

Владо Јовановски „си го бели образот“: Не сум сторил никому ништо лошо

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Меѓу лицата кои насилно влегоа во Собранието во четвртокот беше и актерот Владо Јовановски и за него МВР побара притвор како дел од организаторите на протестите и нападот на Собранието во четвртокот заедно со Борис Дамовски, Богдан Илиевски и Игор Дурловски.

На социјалните мрежи Јовановски се обидува да си го обели образот, правдајќи се дека не направил ништо лош, ниту пак повредил некој туку бил во собрание за да изнесува повредени и да им дава вода на полицајците.

Еве што напиша актерот на социјалните мрежи:

„Ме осудиле и уште да ме запалат ако можат, без разлика што не сум сторил никому ништо лошо. Нит сум повредил некого ниту го одобрувам насилството. Ако е грев да изнесеш повреден или колабиран човек од општ хаос, тогаш е во ред. Или ако е грев тоа што во неколку наврати им давав вода на полицајците, на врата и тоа е во ред. Или тоа што се дерев таму да ме чујат со апели да нема насилство. Како и да е, само на злобниците кои од ново ме стрелаат, ќе им кажам само да не ме жалат мене, туку да се жалат себеси“, пишува Јовановски на Фејсбук.

Многумина ги осудија овие правдања на наратарот чиј глас се слуша во владините реклами „Ех моја чудесна Македонијо“ и кога тој во февруари напиша жесток Фејсбук статус во кој повика на граѓанска војна против како што пишуваше тогаш предавството на Зоран Заев .

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите