Власта прифати дури шест амандмани од опозицијата
Објавено во: Финансии 04 Ноември, 2018
Шест од 187 амандмани поднесени од опозицијата прифати владата на дебата за ребалансот за буџетот која заврши денеска на комисијата за финансирање и буџет.
Амандманската расправа траеше само шест од предвидените 10 дена, а прекрокувањето на буџетската каса, со кое се намалуваат над 50% од долговите на општините со пари од државниот буџет на пленарна седница ќе се најде в петок.