ВЛАСТИТЕ ОДЛУЧИЈА: Во Берлин кириите веќе нема да растат
Објавено во: Економија 18 Јуни, 2019
Берлин воведе забрана за зголемување на кириите.
Властите одлучија дека кириите за станови не смеат да се зголемат во наредните пет години, со цел да го контролираат вртоглавиот пораст на цените на недвижностите во германската метропола.
Во последниве години е регистрирано зголемување на цените на становите и на кириите во сите германски градови, а особено во Берлин каде што годишно се доселуваат околу 50.000 нови жители. Во популарните населби како Кројцберг, месечна кирија за стан од 100 квадратни метри, чини околу 1.300 евра.
Берлин, управуван од коалицијата на Социјалдемократите, Зелените и Левицата, е прв град кој ќе воведе ограничувања на станарината.
Ограничувањето ќе се применува ретроактивно од 18 јуни, мерка која е јасно насочена кон спречување на наемниците да ги зголемат цените пред одлуката да стане закон, што најверојатно ќе се случи на почетокот од следната година.
Новото правило се однесува на околу 1,6 милиони станови на слободниот пазар, со исклучок на новите згради и станови субвенционирани од градот.
Новите станари нема да плаќаат повисока кирија од претходните, а сопствениците на станови кои нема да ја почитуваат мерката ќе платат парична казна во висина од половина милион евра.
фото Википедија