24 Април, 2024
0.0271

Влатко Ѓорчев: Предноста на Македонија кон Албанија е однесувањето на опозицијата

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, анализирајќи ја ситуацијата по средбата на премиерот Зоран Заев и канцеларката Ангела Меркел во Берлин, оцени дека предноста на Македонија во однос на Албанија за добивање на датум на преговори до есен е затоа „што нашата земја има кооперативна опозиција“.

- Гледаме каква е ситуацијата во Албанија, каде што опозицијата се однесува агресивно и вонпарламентарно. Во Македонија ситуацијата е целосно различна. Опозицијата е во Собранието и заедно со власта носи реформски закони и соработува. Тоа е разликата кај двете земји - рече Ѓорчев во синоќешното гостување на 1ТВ.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како гостин во студиото на Алфа ТВ по средбата на Заев и Меркел рече дека ќе му предложи на Извршниот и на Централниот комитет на партијата со сиот свој потенцијал на ниво на висок дијалог да работи со Владата за надминување на сите пречки што стојат на патот на Македонија за  во октомври да добие датум за преговори.

– Интересот на граѓаните и на државата е пред се и над се и така треба да се однесуваме. Ако гледам лично, партиски, да, можеби сега е моментот кога ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да побара предвремени паралментарни избори и да победи. Но, дали таа победа ќе ја оддалечи нашата земја за уште една изгубена година до следниот датум кога треба да се одлучува за евентуален датум за преговори, се ризиците што постојат – рече Мицкоски и додаде дека треба да се работи за иднината на државата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП