29 Март, 2024
0.0251

Влијанието на репутацијата на универзитетот врз успехот на студентите

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Кога студентите одлучуваат за својот иден универзитет, тие ја одбираат својата иднина. Нивната одлука за тоа кој универзитет ќе биде дел од нивната биографија, кој факултет нуди најдобра програма и каде се овозможува шансата за поврзување со професионалци од областа за која се одредиле, влијае врз патот на нивниот живот. Се разбира, студентите сакаат да се дел од факултет кој им дава најдобра основа за градење на понатамошен успех. Тоа значи избор на универзитет кој има најдобра академска репутација. 

Прашањата кои ги интригираат и кои мора да бидат одговорени за да се донесе конечната одлука, варираат од мали детали како, дали посакуваниот факултет на дипломираните студенти им нуди можност да добијат работни места, па се до репутацијата на универзитетот и рангирањето на светските листи. Доколку одговорот на овие прашања е позитивен и ги задоволува критериумите, студентите знаат дека правејќи го вистинскиот избор, се отвора шанса за посета на конференции и семинари, кои обезбедуваат можности за поврзување со експерти и специјалисти од областа што доведува до практикантска работа и вработување. Покрај професионалните бенефити, студентите можат да добијат многу од нивното факултетско искуство како можност да ги прошират своите видици преку шансата да студираат во странство и да учествуваат на различни проекти кои ќе им го збогатат знаењето.

Универзитетите се вреднуваат според ефективна образовна средина, институционалната репутација со најдобрите професори и истражувачи и квалитетните студенти. Секој сака да е дел од победнички тим, а во образованието тоа значи да се инвестира во себе и во најдобриот академски бренд.

А кога зборуваме за врвна едукативна средина, зборуваме за Универзитетот Шефилд присутен во близина преку својата административна единица Меѓународниот факултет Сити Колеџ, лоциран во соседна Грција. Сити Колеџ е еден од шесте факултети во рамките на Универзитетот Шефилд и единствениот кој работи во странство. Со премостување на Велика Британија со Југоисточна и Источна Европа, Сити Колеџ им нуди на своите студенти единствена можност да се здобијат со врвната британска диплома на Шефилд во нивниот регион. Со својот кампус лоциран во Солун, универзитетот се состои од четири академски одделенија – Оддел за бизнис администрација и економија, Оддел за психологија, Оддел за компјутерски науки и Оддел за англиски студии. Динамичното меѓународно опкружување на универзитетот е составено од студенти и високо квалификувани членови од повеќе од 15 земји. Оваа уникатна разновидност придонесува во целокупното учење и припадност во вистински меѓународен амбиент, како и во неговата висока, образовна репутација.

Дипломираните студенти од врвните, признаени универзитети имаат тенденција да станат истакнати професионалци во своето поле, специјалисти или академици и поголема веројатност да бидат среќни индивидуи. Повеќе информации заинтересираните кандитати можат да најдат на  линкот.


Можеби ќе ве интересира

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон