ВМРО- ДПМНЕ не ја прифаќа Русковска за шефица на новото Јавно обвинителство
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2019
Далеку од прифатлива е Вилма Русковска за да го води новото Јавното обвинителство, велат од најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив обвинителката Русковска е лична желба на премиерот Заев, а за нив таа како предлог за шеф на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција е далеку од прифатлива.
Инаку, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на некој начин е практично прифатливо спојувањето на СЈО со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Од партијата велат дека со конечен став за новиот закон предлог ќе излезат по целосната анализа на истиот.