ВМРО-ДПМНЕ БАРА - на 550 студенти кои не добија картички веднаш да им се одговори на приговорите
Објавено во: Македонија 09 Август, 2020
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека власта на СДСМ не успеал да се справи со пандемијата создавајќи тотален хаос во државата.
„Без ни малку срам ги извисија студентите за домашна платежна картичка затоа што дел од нив останаа без денар доделен од Владата. Група од околу 550 студенти на УКИМ кои иако ги исполнуваат критериумите не добиле платежни картички.
Како може МОН во време на најмодерна технологија да нема основен регистар со број на студенти во државата?
Наместо постапката на објавување да биде целосно транспарентна за на списокот да не се најдат некои што не требало да се таму очигледно власта свесно пред избори изврши класичен поткуп“, соопштија од партијата.
Побараа институциите веднаш да одговорат на приговорите на студентите и да им овозможат тоа што го ветуваа пред избори.