19 Април, 2024
0.0295

ВМРО-ДПМНЕ бара кривична одговорност од Заев и Ангелов за пожарот во Кочани

Објавено во: Македонија 03 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Oд ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност за пожарот во Кочани.

Партијата ќе поднесе кривични пријави за премиерот Зоран Заев и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. 

„Денеска сме тука да побараме одговорност, за тоа што вчера наместо да стивне оваа огнена стихија тука од страна на надлежните, Стојанче Ангелов и сите останати коишто треба да бидат во тој кризен штаб, тие си беа по прослави. Стојанче Ангелов си глумеше селебрити и се сликаше со пејачи и со други лица од естрадата. Наместо да биде тука со граѓаните. Бараме одговорност за тоа што наместо да се сервисираат оние авиони, ЕР трактори односно канадери коишто со сервисот чинат само 400.000 евра, власта и Заев и сите останати не најдоа време, не најдоа пари, иако ја задолжија Македонија и ги потрошија за само една година една ипол милијарда евра. Не најдоа ниту време, ниту пари да ги сервисираат за да не ни се случи ова коешто ни се случи вчера за што сведочи оваа глетка каде што сè уште има чад од оние дрва коишто изгореа. Како што гледате стигна дури и до куќите и за жал има неколку куќи изгорено. И за жал неколку лица од огнот завршија во болница со изгореници како што можевме да видиме низ медиумите“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека бараат одговорност за тоа што немало хеликоптери вчера да го гасат пожарот. 

Додава дека немало хеликоптери за граѓаните да им се помогне, а имаше хеликоптери кога требаше да се возат министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев на настани. 

Пожарот во Кочани е локализиран, но има големи штети. 

Според директорот на ЦУК, хеликоптерот е лимитиран ресурс за време на летните горештини, бидејќи машината може за кратко време да се прегрее и посадата да загине. Тој рече дека ако се утврди негова одговорност, ќе замине од земјава. 

Можеби ќе ве интересира

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет